Заев – Труеба: Македонија се движи во добар правец

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Алберто Алфредо Мануел Труеба, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Аргентина за Република Македонија.

Аргентинскиот амбасадор Труеба констатираше дека Република Македонија се движи во добар правец на политички план и ги поздрави заложбите на премиерот Заев и на Владата за обезбедување повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните.

-Пред нас сега е отворен простор да обезбедиме развој на државата и перспективи за граѓаните, како и напредок во евро-атлантските стратешки цели, по надминувањето на политичката криза и демократските промени. Посветени сме на економијата, поддршка на претпријатијата, привлекување инвестиции, унапредување на трговските односи со државите од регионот и светот низ пријателската регионална и меѓународна соработка, рече премиерот Заев.

На средбата е оценето дека Република Македонија и Република Аргентина споделуваат исти вредности, за подобар живот на граѓаните, нови работни места, развој на економијата и развој на меѓународната соработка.

Констатирани се добри и пријателски релации помеѓу Република Македонија и Република Аргентина и е изразена заедничка определба за интензивирање на соработката во повеќе области на политички и економски план.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма