Ако речам дека нема да ви се верува она што следно ќе го слушнете, веројатно нема да бидам во право, зашто после `се што доживеавме и слушнавме, ` се ни е за верување.
Но следниот сет снимки се говори за уште еден вид беззаконие нарачано лично од Груевски. Тука ќе видите како сопственик на фирма од Неготино, во чиишто цистерни биле најдени 5 ипол тони недозволива, црвена нафта, е ослободен од казните на неколку институции, по налог на Груевски, само затоа што тој бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу вмешаните во скандалот по директива на Груевски е Митко Чавков, новиот министер за внатрешни работи, кого Груевски го назначи на местото на Јанкулоска. Меѓу вмешаните во скандалот е вчера унапредениот Горанче Савовски, новиот директор на Бирото за јавна безбедност, тогашен началник на Централните полициски служби во МВР. Меѓу вмешаните е и Горан Трајковски, директорот на Управата за јавни приходи, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференцијата пред Владата.
6. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Горанче Савовски
ГС: Ало, ало…
ГЈ: Ало, Еј Горан како си?
ГС: Добро, добро, работиме…
ГЈ: Слушај, абе му вртам на директорот не ми беше достапен, на Мите не ми беше достапен, и на тебе. Абе го барав Горан Трајковски, ми препрати премиерот од кај него една порака, дека наводно таа некоја фирма што ја контролирале УЈП сеа сабајлево у Неготино, Тандем, дека наводно тој соработувал со нас па да не биде како реваншизам, и после Горан ми кажа дека всушност било на барање од кај нас, да се контролира фирмава во рамките на “керозин”… е сеа ја ги неам ти сите податоци, кој соработувал, шо соработувал…
ГС: Во тек, во тек сум министерке со тоа и интервенитав веќе… недоразбирање зашто стварно човекот од таа фирма ни помогна..
ГЈ: Штом ни помогнал…
ГС: Тој човек нема врска со оваа работа…
ГЈ: Да, да, да… он може има нешто друго, мене сеа ми кажува Горан дека му најдовме црвена нафта… мислам сеа сте нашле, повлечете се, паа, ќе му најдеме после 10 месеци , знаеш…
ГС: Не, не, точно е дека има, има за парното и кај кого да влезат дома таа е таква…
ГЈ: Да, де, да, ама не Горан, не е ист тип на прекршување на закон тоа е и ова, така да за тоа те барам, мислам Горан не е крив, ми ја препрати пораката од Љупчо, дефинитивно од кај нас директорот му рекол…ама некако да ја санираме работава…
ГС: Договорен сум со Тони веќе, со… се во тек, ќе го решиме тоа…
ГЈ: Е добро, за тоа те барав…
ГС: Ќе го решиме, ќе го решиме…
ГЈ: Океј, важи, поздрав ајде чао….
7. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Горан Трајковски
ГТ: Повели шефице.
ГЈ: Како си директоре?
ГТ: Еве чекам на видео врска.
ГЈ: А на видео врска, ја пошо сеа излегов од салава и се вртам да не те видам негде. Горан…штом така кажале, така и ќе биде. Абе знаеш што те побарав…
ГТ: Кажи…
ГЈ: Ми препрати шефот една порака, некој на него му се обратил, сте имале контрола во некоја неготинска фирма ’’ТАНДЕМ’’
ГТ: Да, сега се во моментов таму.
ГЈ: Е, тој човекот ни помагал за другава работа.
ГТ: Добро
ГЈ И сега шефот вика, можеби има нешто, знаеш?
ГТ: Па мене Радникот ми ја даде оваа…а значи детали не знам, мене Радникот ми прати у средата порака, тоа е некој бивши што бил во обезбедување….
ГЈ: Аха
ГТ Па нешто испомешано е ако сакаш за подетално да ти ја препратам пораката…
ГЈ: Не, не ми ја праќај, значи што е од шефот сугестијата, може некој бивши што бил во обезбедување сите тие работи, и да е некако поврзан, ама шефот предлага да не се добие впечаток дека сеа некој локално го мести тој…сеа ја не знам чива е… вика, да не му правиме контрола, ќе се додоговориме ние, мислам јас ќе му спомнам и после коа ќе се симне, не е симнат на Влада дека е таква работава, па после некое време ти прати му од друг град, аа очигледно шефот не знае дека ти е од таму дадено…
ГТ: Да
ГЈ: Ја знаеш сеа оти ти… коа ќе влезе контролава, ако констатира ова она, после не можеш да ја извлечеш од таму
ГТ: Е па тоа е… оти ние сега сабајлево коа влегле имавме со Тони од финансов, куќа е не е куќа, судски налог не е така, а МВР ме покрива преку Велес оти у Неготино имало релации со не знам, началник на УБК и така натака…
ГЈ: Така, така…
ГТ: И сега во моментов има 5 ипол тона црвена нафта пронајдено во еден од резервоарите…
ГЈ: Мхм…
ГТ: Зборев со главнава инспекторка вика кој ќе запечатува вика, оти метерологија ќе мерат вика, измериле они на џутуре 5 ипол тона….
ГЈ: А некако ти да искомуницираш ти со шефот директно или јас да го побарам.
ГТ: Ти кажи му бе Горде, нема никаков проблем.
ГЈ: Оти ја ако се симне на Влада одма ќе му кажам.
ГТ: Во моментов не е запечатено… ја упатив на пазарна, ја сеа може да стопирам…
ГЈ: Малку, малку олабајте ја работава за да му кажам што е….
ГТ: Важи
ГЈ: А после.. . мислам јас, штом се симне он, ќе станам ќе му кажам, за да не му упаѓам во канцеларија
ГТ: Важи
ГЈ: Па да видиме како да ја изменаџираме
ГТ: Важи
ГЈ: Оти можно , мислам не можно, према кажувањево и тој не е чист шо го кажуваш…
ГТ: Е па сеа тоа е, еби му мајката.
ГЈ: Ама ако помагал, ако бил у релација, сеа да не ја заглавиме до крај. Значи мене, сеа јас ти кажувам најотворено од таму ми е… а не знам него кој… Ај да се искординираме па…
ГТ: Ок, еве јас ќе ги успорам.
ГЈ: Ти успори ги за да можеме и вака и така да ја вртиме работата во текот на денов. Пушти ги на ручек.
ГТ: Истото да му се каже и на Чавков оти 3-4 институции сме, малку да ја стопираме.
ГЈ: Да де, да.
ГТ: Ајде ќе го направам тоа.
ГЈ: Ок, ајде поздрав, чао.
8. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Горан Трајковски
ГЈ: Ало
ГТ: Шефице…
ГЈ: Е кажи… само да за твое инфо, сеа овие бидејќи сите се повлекле сеа овој газдава шо е на тоа Тандем се јавуе на…. во Кавадарци и вика ми нема 1600 евра ги чував кај цистерната, сега ја врти топката, сеа жртва ќе се праи…