Заев: После промените, вашите деца нема да ви заминуваат

Од:

Дојдов во градот на виното да ви ја кажам вистината, Груевски паѓа, готов е. Има уште 13 дена од неговото владеење. После тоа доаѓа живот во Македонија, рече вечерва во Кавадарци, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Ќе има живот за сите нас. На дофат ни е тој живот. Просечната плата од 500 евра ќе ви овозможи да имате пристоен живот. Нема повеќе да се срамите од вашето дете кога му велите дека немате. После промените, вашите деца нема да ви заминуваат. Тоа е прво и најважно во нашата програма. Нашата програма нуди живот во земјава. Работев и се мачев додека не научив како поштено да се работи во земјоделството. И научив. На моите раце се е запишано. Ја знам земјоделската мака и барам поддршка од земјоделците. Денеска јас им давам плата на над 820 луѓе. Се грижам за 820 семејства за да имаат нивните деца дома храна. Струмица е најразвиена општина. Значи ако ние во Струмица сме можеле без кредити, може и земјата. Ние гарантираме бесплатно лекување за сите. Нема веќе луѓе да ни умираат по болници. После 11 декември јас ќе сум премиер и јас лично ќе ги бранам граѓаните. Уставот никој нема да го смени, тој ќе почитува. Груевски, на тебе и братучедите ќе ви одземе законот се што сте земале незаконски – рече Заев.

Пред граѓаните на Кавадарци Заев рече дека после 12 декември сите ќе осетат што е демократија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“