(ВИДЕО) Заев: По наредба на Груевски се договара процент од бизнис вреден 20 милиони евра

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска на прес-конференција објави аудио снимка , меѓу, како што рече, Влатко Чинговски, тогаш директор во ЕЛЕМ и Кирил Божиновски, тогаш генерален секретар на Владата, водени во 2011 година.

„Се работи за милионски тендери во ЕЛЕМ под директна наредба на Никола Груевски, и за фирми блиски до власта. Внимавајте, говорат во шифри. Тендерот е за ископ на јаловина во Суводол-РЕК Битола, а се работи за бизнис вреден 20 милиони евра“, рече Заев.

Во разговорите, што ги пушти Заев се споменуваат шифрирани имиња како „Дебелиот“ и „Ибицата“.

Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски

ВЧ: Кажи Кире
КБ: Еј Чинго овој во 7 кај мене ќе дојде
ВЧ: Во 7
КБ: Да неможел порано
ВЧ: Двајцата или само тој
КБ: Па не мислам ја прво да го примиме овој па овој да го викнам некаде нема многу да седиме некаде 7 и 15 или 7 и 20 да го викнам Сеат, ама ќе им кажам на обезбедувањето во друга просторија да не се видат знаеш па кога ќе си отиде овој ќе дојде тој така да завршиме за пола сат
ВЧ: Добро значи да не бегам јас дома за јадење него да стигнам до 7 со вас
КБ: Сега колку ти е 6 и 15
ВЧ: 6 и 15 додека да одам до дома 6 ипол, ако не да каснам набрзина па да дојдам таму
КБ: Па може така најпаметно да не се знаеш…
ВЧ: Да, да така ајде ја ќе дојдам 5 минути покасно
КБ: Важи, важи
ВК: Ајде

Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски

ВЧ: Ало
КБ: Чинго
ВЧ: Кажувај
КБ: Знаеш ли каква варијанта треба да се обидеме да спроведиме
ВЧ: ха,ха,ха ајт
КБ: Малце е невозможно ама тоа е …три еднакви дела
ВЧ: Аха
КБ: Со тоа што во третиот дел да го поделат дебелиот и Ибицата
ВЧ: Уф, уф, уф
КБ: Малце ќе биде сложено никој нема да биде задоволен
ВЧ: Да
КБ: Ама мислам дека треба да се обидеме со тоа што на Ибицата и на Дебелиот, на Дебелиот не толку, на ибицата може да му напраиме филм еве следи Проп Неготино дека нови можности и.т.н а сега за сега да се задоволи со ова по што таква е ситуацијата
ВЧ: Да и кој ни гарантира дека после тоа ќе имаме најдобра понуда од нив? Па што ако се јави некој трет со пониска понуда од сите четири
КБ: Тоа никој не ни гарантира
ВЧ: Тогаш ќе изгубат сите четворица и тогаш ќе останеме со прстот во уста
КБ: Да тоа може да биде незгодно
ВЧ: Значи во таква варијанта прво треба да се договориме дали прифаќаат сите три по триста по 30% значи по 1/3 (една третина) за тоа си го направил муабетот?
КБ: Види ја начелно веќе зборев со оние двајца што се веќе там, они не го прифаќаа велат дека тоа е нереално ама повеќе аргументи им се базираа на тоа дека овој неможе да постигне третина да заврши
ВЧ: ДА
КБ: Е сеа нормално задниот мотив им е што им се намалува профитот
ВЧ: Така сигурно
КБ: Меѓутоа реално е дека овој неможе сам да постигне една третина по што неможе сам да се организира и.т.н…. знаеш ти подобро меѓутоа со убацување на овој тој аргумент веќе им пага во вода им останува само профитот и сега ние тука со притискање ќе ги натераме нив е сега мене проблем ми се овие двајцата они па нема да бидат задоволни со делење на една третина ме разбираш…

Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски

ВЧ: Ало
КБ: Еј што правиш
ВЧ: Еве да ти кажам само што дојдов дома
КБ: А така…види да те прашам овде покрај цената кои се други параметри кои можат да влијаат за личниот избор за ова у понеделник
ВЧ: Дали ќе има доволно механизација, значи треба да има соодветен број на машини што ги бараме ние дурбилица да има..да има камиони да има итн потоа требад а има одреден теронограф што го бараме за да може да..ми се чини дека во последните десет години треба да има околу 10 милиони евра и така нешто
КБ: А дали тоа го испунува Ибицата со овој дебелиот
ВЧ: Па тој рече дека 80% исполнува, нели вчера ми рече така, рече неможам сам ама со некого можам да го исполнам тоа
КБ: По што он веројатно ќе оди на варијанта Ибицата со дебелиот
ВЧ: Добро ако неможат нека го вклучи тој третиот Рудкоп и готово
КБ: Да ама мене ми е тоа прашањето дали ќе можат, да не ги извисиме на тој начин ја да ги спојам да им речам терајте и на крај и двајцата да извисат
ВЧ: Епа они си знаат што се бара бре Кире, они треба да си видат во податоците да си ги знаат своите карактеристики
КБ: Да, да
ВЧ: Вчера ми се чини дека Ибицата рече јас сам нема да можам да исполнам ама со уште некого можам, плус прашав тие машините што му се нему под лизинг можат да му се важат како негови, значи нема да има проблем од тој аспект
КБ: А трновер дали има толкав
ВЧ: Рече дека има 80% од тоа што се бара, што значи 20% овој ги има зашто тие по исто работеа исти количини имаа до сега кај нас и едниот и другиот

Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски

ВЧ: Ало
КБ: Еј Чинго
ВЧ: Кажи
КБ: Сега бев кај шефот
ВЧ: Да ми кажа тој
КБ: За тоа што сте збореле како да организираме да ни дае насока да се видиме со овие двајцава
ВЧ: Е па како да направиме ајде кажи јас сум уште кај мене на работа
КБ: Епа да го викнам овој сега да улета и ти да улеташ така нешто
ВЧ: Ајде бе кој ќе го викаш Страшо или другиот
КБ: Не Горан и Сеат
ВЧ: Добро ајде викни ги тогаш ја да дојдам до таму
КБ: Да чекај прво со нив да зборам и одма ти се прејавувам
ВЧ: Ајде, ајде

Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски

ВЧ: Ало
КБ: Само што завршив со двајцата
ВЧ: Добро
КБ: Значи овој шпанецот и дебелиот
ВЧ: Добро
КБ: Им кажав битни два услови да испуните технички услови, цена и плус цена
ВЧ: Добро, добро
КБ: Технички услови исполнуваат, се значи бонитет, број на машини итн
ВЧ: Добро
КБ: Евентуално таму кај бројот на ставка по ставка да се осигурам значи ме збунуваат 80% како што е таму наведено
ВЧ: Да едниот барем да исполнува 80%
КБ: Да едниот, носителот треба да исполнува, овој другиот они заедно имаат ама носителот на носителот само се гледаат знаеш
ВЧ: Да, да
КБ: Така да се испунува освен не тоа освен камиони било наведено 27 незнам какви а они имат 20 ама имаат 7 некои многу слични на тие со иста силина, капацитет итн, така да тука може ќе треба да видиме тој од комисијава знаеш коста и слично за да…
ВЧ: Добро тука ако е до тоа проблемот мислам дека нема да биде проблематично
КБ: И цената ќе ја дават им потенцирав дека мора да иде пониска дека мислам дека ќе идат со екстра ниска цена од 50 и нешто денари
ВЧ: Добро сега да не збориме за цена да не не слуша некој ха, ха
КБ: Да, да
ВЧ: Како ќе си понудат нека си понудат важно нека се изборат и немаме ништо против да ја тераат работата
КБ: Е така тоа е тоа јас се консултирав и со човекот значи дефинитивно одиме на оваа варијанта ти само твое е да е во комисијава овака на тој што ти е подоверлив да му кажеш од старт нешто да не направи и слично
ВЧ: Добро
КБ: А овие двајцата ќе се налутат ама тоа е тоа ќе ги смируваме после тоа

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски