Заев – Пацоли: Македонија и Косово немаат отворени прашања

Од:

Владата на Република Македонија е определена да гради добри односи со Република Косово, како и со сите соседи и со тоа активно да придонесе кон иднината на целиот регион на Западен Балкан, во Европската унија и во НАТО, истакна денеска премерот Зоран Заев на средбата со косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли.

– Имаме потенцијал, како две нови влади кои мислат добро за своите граѓани и своите држави, да направиме исчекори во евроинтеграциските процеси, оцени премиерот Заев.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата заеднички е констатирано дека Македонија и Косово немаат отворени билатерални прашања, што отвора големи можности за унапредување на односите меѓу двете држави.

– Посветени сме како Влада, да го подобриме квалитетот на живот на нашите граѓани и да ги отвориме евро-атлантските перспективи. Ќе ги преземеме сите потребни чекори за остварување на граѓанските и државните цели, додаде премиерот Заев.

Соговорниците дискутирале за конкретни области во коишто ќе се интензивира соработката помеѓу Македонија и Косово. Тоа се економијата, енергетиката, инфраструктурата, царински олеснувања, поедноставен проток на луѓе и стока. Договорено е владите на Македонија и на Косово да ги поттикнат бизнис заедниците и коморите за поцврста и поактивна соработка, како и реализација на почести средби на високо владино ниво.

Министерот Пацоли истакнал дека Косово ги поддржува НАТО интеграциите на Македонија што ќе придонесат кон зацврстување на безбедноста и ќе влијаат на перспективите за целиот регион, а изразил и отвореност за примена на искуства од Македонија во ЕУ интеграциите. Тој оценил дека Заев со огромна вештина и достоинство воспоставил едно општество за сите. Со тоа, како што оценил косовскиот министер за надворешни работи, премиерот Заев покажал како се почитуваат луѓето независно од каква било различност и направил пресврт во односите и почитувањето помеѓу граѓаните во Македонија, за што ја има почитта на целиот регион и светот, вклучувајки ја и Република Косово.

На средбата се разговарало и за можноста за реализација на средба на највисоко премиерско ниво.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата