(ВИДЕО) Заев: Ни Михајло Маневски не сакал да даде позитивно мислење за Хашките случаи

Од:

Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференцијаобјави разговор за кој вели дека е меѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски околу амнстијата на Хашките случаи.

За ова, вели Заев дури и тогашниот министер за правда Михајло Маневски не сакал да даде позитивно мислење, но според договорот со Али Ахмети, морало да се истурка.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски 

ТВ: Значи, за автентичново го имаме тоа, така?
ГЈ: Го имаш. Со тоа што знаеш, јас и на Михајло му се јавив, пошто фактички он треба да даде мислење, он да потпише.
ТВ: Ама нека го даде он. Јас барањето да ми е поднесено.
ГЈ: Да де да. Тебе двете ти ги пуштив. И Михајло вика: а бе не можам вика позитивно да дадам. А бе Михајло, па сега…
ТВ: Ако не ја што ќе дадам, што ќе дадам?
ГЈ: Не, не. Ама викам – знаеш што е работава, не сме мали деца, сега све што им дадовме вака со песна да им даваме.
ТВ: Да де да.
ГЈ: Ја тоа…баш вчера му викам на Премиерот: а бе два дена не сум спиела од мака.
ТВ: Мхм.
ГЈ: Оти стварно…тоа е тоа. Ама ајде, ќе ја пегламе.
ТВ: Ама…Слушај, ова е напишано.
ГЈ: Да бе да.
ТВ: Ова само пратениците да го потпишат.
ГЈ: Да, ама да го видите. Оти јас до сега не сум видела знаеш текст на барање за автентично, дали е океј…
ТВ: Не, ова е обично е тоа, ќе го видат ова сега.
ГЈ: Добро, ама знаеш да го видат службиве кај тебе, да не има нешто што после…
ТВ: Добро, добро.
ГЈ: …на цела мака што ќе си ја имаме со другиве работи, и со тоа. Океј, ајде, поздрав.
ТВ: Важи, важи, договорено. Ајде, чао.
ГЈ: Ајде, чао, чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ГЈ: Ова што беше со функционерите да зборуваат, именувани во Собрание, тоа отиде. Значи тоа ќе се смени. И уште една вака голема работа по мене, амаљ тука немаше каде, ќе се врати стариот закон за симболите. Мислам мене тоа ич не ми се допаѓа, ама сега нивното е знаеш, демек тоа ни е стекнато право, де факто се прави сега да се носи закон со помалку права, малку тешко.
ЗС: Мхм.
ГЈ: И у политичкиов дел на тоа се сведе. Нели претходно Хашките ги имавме договорено, и тоа е тоа. У другиот дел…
ЗС: Хашките како ќе идат? Со…
ГЈ: Со автентично, да. И тоа се планира фактички се…сите овие работи да се изработат во текот на утрешниот ден. Значи дека ептен е…
ЗС: Мхм.
ГЈ: Сега земав маку да одморам, да каснам нешто, пошто фактички јас треба да ги напишам тексотвите.
ЗС: Тоа знам. Тоа вака и без да ми кажеш знаев дека на тоа ќе се сведе.
ГЈ: Тоа ти е познато, ама морам малку да земам воздух. Знаеш, да не згрешам, многу е одговорно и да ги напишам ноќеска. Не е тоа многу текст, ама е многу одсговорна работа.
ЗС: Мхм.
ГЈ: И доста работи по мене, поише отколку што требаше им попуштивме.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски