Заев: Обидите на Груевски да се додржи на власт, нема да успеат

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев даде изјава за белградското студио на телевизијата Н1, ексклузивен информативен партнер на светската телевизиска мрежа CNN.

„На барање на телевизијата Н1, претседателот Заев го објасни скандалот со инволвираноста на Никола Груевски во доаѓање до огромни парцели на Водно, преку оф шор фирми, како што открија доказите од прислушувањата што ги правела власта на Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

„На штета на скопјани, зелени појаси, со менувања урбанистички планови, специјално за интересите на Груевски се претворани во градежни парцели, а како што покажаа разговорите од последната прес конференција, станува збор за план за објекти, само на име на една фирма, коишто по денешна пазарна цена на чинење на Водно, ќе тежат над 17.000.000 евра“, вели Заев

Прашан за очекувањата околу развојот на политичката ситуација во Македонија, претседателот Зоран Заев изјави:

„Оставки се неизбежни. Преодна влада е неизбежна. Од тоа бегање нема. По `се што имаме уште да објавиме, обидите на Груевски да се додржи на власт, нема да успеат“.

Би можело да ве интересира

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски

Експлодира бомба во Загреб, оштетени се два објекти, нема повредени

Горан Наумовски

Фрлена експлозивна направа во авто-перална во СКопје

Повторно дојави за бомби во скопски училишта, се евакуираат учениците

Катерина Ѓуровски

Дојавата за бомба во скопска гимназија е лажна, превентивно се евакуирани и други училишта

Нова закана за поставена бомба во скопско училиште

Горан Наумовски