Заев: На насилниците не им беа доволни 10 години, да ги запреме, да избереме живот!

Од:

Во врска со доставените носители на листи од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во писмената изјава за медиумите рече:

„Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од обвинетиот поранешен премиер, се огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста, беззаконието, на што се изложени граѓаните на Македонија изминативе 10 години.

Овие луѓе кои украдоа над 5 милијарди евра пари на граѓаните и ги ставија на свои сметки во странство, не ја бараат вашата доверба за подобро да живеете – туку за да продожат да крадат и да се богатат.

Овие луѓе, кои нарачуваа шамари, бркаа од работа и рекетираа фирми, не ја бараат вашата доверба за да ве заштитат, туку за да се изживуваат врз вашите животи, со што го хранат своето его.

Овие луѓе, кои принудија над 626.312 луѓе, меѓу нив и ваши деца, да заминат во странство, а вас ве оставија во солзи, немаат намера да ни ги вратат младите во Македонија, туку имаат само еден сон, да владеат.

Овие исти луѓе кои 10 години ви ги кршеа соништата не смеат повеќе да владеат.
Да ги запреме. Да не ни ги уништуваат домовите и децата.

На 11 декември да избереме живот, живот за сите нас во Република Македонија.“

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот