Влијателниот во ДУИ, Муса Џафери самиот за себе кажува дека бил „по каур и од каурите“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев и објави снимка за која посочи дека е помеѓу Муса Џафери и соговорник.
18.Разговор помеѓу Муса Џафери и соговорник
МЏ:Треба да го пратат наваму, изгледа заборавиле
НН: Не е проблем
МЏ: Како видов на вести, треба да биде овој конгресменот Смит, овој со кого се сретна Баша, сигурно е тој…
НН: Е тој е, тој
МЏ: Смит, видов на вести, што се сретнал овој Лулзим Баѓа со него
НН: Следниот пат кога ќе се сретнеме со него ќе разговараме…
МЏ: Сакав да му се заблагодарам, за да направиме контакт….да не остане..
НН: Апсолутно…така треба..
МЏ: Да не испадне дека сум незаинтересиран…ми се јави по телефон
НН: Така
МЏ: Там-Там Смит…Марк Милош…
НН: Марк Милоши
МЏ: Он директно ми кажа, зборуваше германски…и дека има словенско потекло…сакав да му кажам…остај тоа..по црн сум од тебе….
НН: И јас сум таков…
МЏ: По каур од каурите