Пред јавноста откриваме огромен корупциски скандал и за Македонија и пошироко. Станува збор за корупција на Сашо Мијалков, дел од разговорите потврдуваат дека зад мегаскандалот стои Никола Груевски кој од позицијата на која што е ја обезбедил оваа зделка.
Овде не се зборува во шифри, се е јасно, со точни суми пари, за провизија за бизнис преку Русија и Будимпешта, рече лидерот на СДСМ на прес конференцијата на која се објавува 15 бомба.
Станува збор за набавка за опрема за прислушување од Израел. Опремата ја набавува преку соработничката Светлана Костова, а договорот се одвива преку Хаим Хаикими од Израел.
За да почне да преговара Мијалков побарал провизија од половина милион евра, само да продолжи со разговорите тој бара до последно евро.
Во аудио снимките се спомнуваат суми од 500.000 евра, ќе се потсетите која е Светлана-соработничката на Мијалков која Сашо ја израдува дека ја наместил за судијка. Оваа личност Светлана Костова, и од позиција на судија во Управниот суд продолжува да ги врши валканите работи за Сашо Мијаков, рече Заев.
Разговор помеѓу Светлана Костова и Сашо Мијалков
СМ: Ало?
СК: Да.
СМ: Светле, што правиш?
СК: Еве, тука сум горе.
СМ: Тука си? Кажи ми сега овие, нели требаше да пуштаат, ја ти реков 3 пати по…колку да пуштат?
СК: Да, меѓутоа рековте додека не се платат оние да не пуштаат ништо.
СМ: А ти реков додека не ги добиеме тие последните пола милион да не се пуштаат.
СК: Да, така не пуштаат додека…они ме чекаат секој ден ми се јавуваат. А?
СМ: Е па држи затоа што еве јас сега…они секој ден те бараат за да се пуштат пари, така?
СК: Ме бараат и прашуваат: Светле може да пуштиме?
СМ: Речи затоа што ги немаме добиено последните пола милион…
СК: Да, да, да.
СМ: Нека не пуштаат. Кога ќе ги добиеме последниот милион….
СК: Да му кажувам додека не стигне последната паричка нема плаќање…
СМ: А бе Светле сега јас зборам и ти збориш, слушај ме ја додека зборам.
СК: Добро.
СК: Добро.
СМ: Значи ќе им кажеш: додека не ги добиеме последните пари, тоа се пола милион, да не пуштаат. Следното пуштање нека биде одеднашка, како што рековме, така?
СК: Да. На три пати рекоа и Вие рековте така и јас…
СМ: Три пати, по колку беше?
СК: По 900, некаде 1000 излегува.
СМ: Три пати по 900 и нешто, така?
СК: Да, така. И така му е кажано, и они се јавуваат секојдневно за да биде тоа…
СМ: Ништо нека не пуштаат ништо додека не ги добиеме овие пари.
СК: Да. Со тоа што јас на Влатко му реков во моментот кога ќе биде готово се да ми каже, за да знам јас на време.
СМ: Ама нема Влатко. Влатко само чека пари и он треба да ги префрли…
СК: Не, не Влатко да ми каже дека парите стигнале до него.
СМ: Према добављачот.
СК: Да.
СМ: Океј. Друго што има?
СК: Е па директоре нели јас во понеделник одам. Дали сакав тоа да Ве прашам…
СМ: Кај одиш Светле?
СК: Нели за Франција, тоа што се договаравме.
СМ: Колку време рече ќе бидеш таму?
СК: Неколку…четири недели.
СМ: Леле, четири недели!!! И како ќе ја тераме работава овдека?
СК: Е па не, затоа сакав да се договориме. Значи они повторно нека ми праќаат пораки на мобилен, според мене така е најдобро. Јас ќе контактирам со Вас на порака, ако има каков и да било…
СМ: По телефон тогаш.
СК: Молам? Да, да, да и на message секогаш ќе Ве информирам, они секогаш мене ќе ми се јават. Мислам дека е најдобро така.
СМ: Добро, океј.
СК: Е така. Ајде пријатно.
Разговор помеѓу Светлана Костова и Haim Hakeyny
СК: Ало.
ХХ: Светлана!
СК: Да Хаим.
ХХ: Добар Ви ден. Како сте?
СК: Добро, добро, благодарам.
ХХ: Долго време не сме чуле…
СК: Да, но сакав да Ви кажам…
ХХ: Дали се сите добро?
СК: Да, тие се добро. Сакав да Ви пратам порака, баш пред малку, но имав средба и затоа не Ви пратив порака.
ХХ: Да.
СК: До сега немам никакви новости за остатокот од парите.
ХХ: Аха. Да.
СК: но зборував со директорот…
ХХ: да.
СК: И рековме дека штом парите ќе…штом ги добиеме остатокот од парите, Вие ќе започнете со следната исплата.
ХХ: Во ред. Значи јас ќе чекам откако парите ќе пристигнат.
СК: Да. И…
ХХ: Во ред е.
СК:…уште една работа. Во понеделник, знаете одам за Франција.
ХХ: Во Франција?
СК: Да. Но, цело време ќе бидам достапна на телефон.
ХХ: Во ред, во ред, ќе бидеме во контакт.
СК: Да. Директорот знае за ова и јас ќе бидам во контакт со него, и со Вас, секако.
ХХ: Во ред. Колку долго ќе бидете во Франција? Неколку недели?
СК: Четири недели.
ХХ: Ооо, многу долго, како е времето таму. Хахаха
СК: Се надевам дека времето е добро.
ХХ: Да, да во март и април ќе биде во ред, да, да.
СК: Ќе одам на училиште, се надевам дека ќе биде многу добро.
ХХ: Следниот пат кога ќе се сретнеме ќе зборуваме на француски.
СК: Секако, треба да го вежбам јазикот.
ХХ: Во ред, во ред.
СК: Во ред? Јас ќе бидам достапна цело време.
ХХ: Ќе бидеме во контакт со вас, за да ми кажете кога да почнеме.
СК: Да, да. Веднаш штом имам некаква информација во врска со тоа, ќе Ви пратам порака.
ХХ: Во ред, во ред. Бидејќи верувам дека Алекс зборуваше со компанијата, бидејќи малку е несигурно, но во ред ќе му кажам дека се е во ред, да не се грижи, и така натаму. Но тој е под притисок.
СК: Да го знам тоа, ја добив вашата порака.
ХХ: Во ред.
СК: И денес се обидов да зборувам со директорот, да му објаснам дека прашувате…
ХХ: Бидејќи ако тој ни даде локација да ги пратиме сите пари, во тој случај тоа е придвижување, ме разбирате?
СК: Да. И знаете ние се согласивме да го платиме остатокот од парите, три…
ХХ: Да, да се сеќавам на тоа.
СК: Во ред, директорот се согласува со тоа.
ХХ: Во ред тогаш. Имајте многу убав викенд и многу добар претстој во Франција и ќе бидеме во контакт.
СК: Ви благодарам.
ХХ: Поздравете ги сите таму.
СК: Во ред.
ХХ: Пријатно.
СК: Пријатно.
Разговор помеѓу Светлана Костова и Сашо Мијалков
СМ: Ало.
СК: Ало.
СМ: Светле, што правиш?
СК: Еве се спремам директоре.
СМ: Се спремаш, а?
СК: Да.
СМ: Е па, сакав да ти кажам една работа. Сега ќе те бираме за судија или не те бираме?
СК: Како нема да ме бирате?
СМ: А?
СК: Јас би сакала да ме бирате.
СМ: Е па добро, јас средив работа да бидеш избрана.
СК: Да?
СМ: Да. Што значи дека ќе треба да ме частиш.
СК: Ееее, цел живот ќе Ви бидам должна.
СМ: Една работа, втора работа: ти кога одиш, кога се враќаш?
СК: Денеска одам, преку Прага.
СМ: И се враќаш?
СК: А се враќам на 15-ти парил.
СМ: Уууу.
СК: Ало?
СМ: Да, да.
СК: Ме слушате, не?
СМ: А работиве, што правиме со работиве?
СК: Со работите се сум договорена директоре. Значи јас се видов и со Влатко во петокот….
СМ: Ќе доаѓа ли некој од нивното министерство сега бе?
СК: Нема да доаѓаат, се договорив и со нив. Значи и они преку телефон ќе кажат…
СМ: А некој од МОСАД ќе доаѓа?
СК: Не знам тоа. Може и да доаѓаат меѓутоа овие од министерството нема додека сум отсутна.
СМ: Додека си отсутна?
СК: Да, нема да дојдат, меѓутоа цела комуникација ќе си оди преку телефон, остави мејлови, се оставив. И сите ќе треба да ме известат, па да му кажам, кога ќе се заврши првата, да почнат со вториот дел.
СМ: Мхм. Океј.
СК: Мислам, сите ги имаат моите телефони, се се договориме како би функционирало.
СМ: Добро.
СК: Многу Ви благодарам, не знам што да кажам.
СМ: Е така…кога ќе се вратиш.
СК: Фала многу.
СМ: Ајде чао.
СК: Пријатно.