(ВИДЕО) Заев: Мијалков барал стотици луѓе за опремата од Израел

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави снимка според која како што рече е очигледно дека УБК набавила опрема за прислушување и бара стотици лица да се обучат за нејзино ракување.

-Слушнете директно од директорот на УБК, Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски, колку стотици лица бара Мијалков за УБК, затоа што оперативата била зголемена, дека тие лица мора да се обучат за ракување со опремата од Израел, за којашто веќе објавивме на кој начин ја донел во Македонија Мијалков и какви провизии земал.

Денеска ќе се потврди што била крајната цел на таа опрема во „суштества“ како што ја нарекува самиот Мијалков.

Најголем дел од разговорите се случуваат кога по предлог на Европската Унија, власта треба заедно со опозицијата да го донесе Законот за следење на комуникациите.

Станува збор за септември 2012 година, рече Заев.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало?
СМ: Е Горде, што правиш?
ГЈ: Добро, еве подработувам. Па да ти кажам мирно некако, па ќе си одам порано денес.
СМ: Мирно, мирно е, да. Да, да, да. А бе бев, на овој немав мрежа. Сега добив мрежа, викам да те побарам. Премиерот е на пат сега назад, знаеш.
ГЈ: Па знам ја, нели ти рече…
СМ: Па ќе мора да го почекаме да стигне, за да зборам.
ГЈ: Знам, јас затоа и поише те потсетувам.
СМ: Синоќа зборев ја, ама заборавив за тоа да зборам.
ГЈ: Знам, па претпоставувам, не ти е само тоа. Знаеш да не ја утнеме, а и ја нејќам сега во Мексико да го барам за ваква работа. Претпоставувам дека ќе се чуете, да сме координирани.
СМ: Јас мислам дека ќе се чуеме штом стигне у Европа.
ГЈ: Да де да.
СМ: И ќе му спомнам, па сега како биде-така.
ГЈ: Како ќе рече-така.
СМ: Али ја секако ќе пуштам сигнал.
ГЈ: Да де.
СМ: Ќе ти се јавам.
ГЈ: Мене ми е знаеш да не ја утнеме работава. Сега цело време сме координирани за све
СМ: Да.
ГЈ: Мислам нема потреба.
СМ: Океј, океј.
ГЈ: И уште една работа, да те искористам на телефон. Нели ти и Премиерот сте збореле за вработувања нови во МВР.
СМ: Да.
ГЈ: За која бројка зборевте? Пошто има еден заклучок од Влада сите да си ги кажат потребите…
СМ: Види, ја на Извршен, не знам дали слушна кога ја кажав бројката? Ха, ха. Беше ти.
ГЈ: Ха, ха, а бе…
СМ: Ја му кажам иљадарка.
ГЈ: Јас ја слушнав, ама не знам дали таа реално има шанси годинава да ја реалзиираме.
СМ: Па таа не, ама мора да имаме некоја нереална, за да дојдеме до некоја реална.
ГЈ: Јас знаеш како размислував…
СМ: Нели знаеш дека е таква е работата со нив. Ха, ха, ха.
ГЈ: Да, да. Види, ја ја знам работата, ама затоа да се преслушам со тебе. Ја гледам годинава ни одат вкупно 240 луѓе во пензија. Мислам дека, без проблем ние 300 може да примиме годинава, до крај на годинава.
СМ: Види, Горде нас ни требаат само за партијава сега, многу луѓе. УБК идат многу луѓе во пензија. Оперативата ни е многу опадната, а работата, т.е обемот на работа многу зголемен…
ГЈ: Е зголемен, да…
СМ: Знаеш со овие суштествава…
ГЈ: Да де да, што си има.
СМ: Така да ги наречам. И ние мораме, мораме да направиме оператива. Значи, мене едно 100 души ќе ми требаат само за УБК, само за оператива, да знаеш.
ГЈ: Е па, знаеш како…
СМ: Плус, мораме да ги створиме, мораме одма да ги дадеме на обука, да створиме нов кадар затоа што готови сме, ќе не изедат овие, така да знаеш.
ГЈ: Да де да. Јас знаеш како рамислував? На пример…
СМ: Башка тоа, башка мислам дека мораме овие специјалците да ги појачаме, пошто оваа бројка што ја имаме е малце…
ГЈ: Па така де.
СМ: Ние ќе примиме, плус ќе отидат нови-стареат, и пак не сме направиле ништо…
ГЈ: Ја мислев…
СМ: Што значи цифрата околу 1.000 души ние да примиме у МВР е…
ГЈ: Ама мора некако да ја распоредиме…
СМ: …не да ја кажам ја реална, туку е потребна. Тоа е потреба, не е тоа сега ние да се луксузираме…
ГЈ: Не бе, не е нешто ние да форсираме, него поентава е да направиме распоред. Да речеме до крај на годинава 300, првите 6 месеци од наредната уште 300, знаеш. Оти реално, сега кога ќе кажеш на Влада 1.000 души, очи ќе ти извадат, ме разбираш?

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски