(ВИДЕО) Заев: Ќе се истури народ во мај по улиците и тогаш нема застанување

Од:

Лидерот на СДСМ потврди дека во мај ќе има голем протест во Скопје, но не откри детали за датумот и начинот како ќе се протестира.

Шпекулациите се секакви, ќе има невиден протест во мај, но датумот ќе го определиме со граѓаните.

Не може опозицијата своето сценариото да го објави сега и не е наше монополско право да се бориме за слободата. Ако барате народ да ви се приклучи, ќе го консултирате тој народ како тоа да се направи. Во мај ќе има голем протест, ние се обидуваме по градовите, но после тоа ќе се истури народ по улиците и тогаш нема застанување.

Ова нема да биде протест од тие “дојдовме сите тука, протестиравме и заминуваме“, не, тоа нема така да биде, рече Заев. Тој најави дека протестите ќе следат откако опозицијата ќе ги објави и бомбите за Никола Младенов, за Монструм, за името и за Мартин Нешковски.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во авто-перална во СКопје

Повторно дојави за бомби во скопски училишта, се евакуираат учениците

Катерина Ѓуровски

Дојавата за бомба во скопска гимназија е лажна, превентивно се евакуирани и други училишта

Нова закана за поставена бомба во скопско училиште

Горан Наумовски

Дојави за бомби попладнево стигнале во девет скопски училишта, се евакуираат учениците од втора смена

Маја Илиевска-Пачемска

Нова дојава за бомба, се евакуираат ученици од средното училиште „Јосип Броз“ во Скопје

Маја Илиевска-Пачемска