Заев: Кај Зврлевски и Мијалков да барам правда?

Од:

На прес конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, беше дециден, дека не може никој да ги уплаши бидејќи се работи за слобода и демократија.

На прашањето зошто сега поднел пријава против бизнисменот кој му местел поткуп, а се знаело пред година и пол, Заев рече дека со оваа власт не се знае на што е спремна, само да ја спаси кожата на Груевски и фамилијата.

„Ќе има судски процеси. Последните денови се гледаше местенката. Тој човек можеше и дента пред Универзална сала да се обиде со полиција да ми подметне пари. Не знаете до кај оди ова беснило и лудило. А каде да пријавам? Од кого да барам правда? Од фамилијата и Мијалков? Да пријавам кај Зврлевски и Илиевски?“, праша Заев.

Заев беше јасен, никој, ниту ДУИ, ниту ДПА, нема да биде поштеден. Ќе биде објавено се и сите кои правеле и договарале криминал.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во авто-перална во СКопје

Повторно дојави за бомби во скопски училишта, се евакуираат учениците

Катерина Ѓуровски

Дојавата за бомба во скопска гимназија е лажна, превентивно се евакуирани и други училишта

Нова закана за поставена бомба во скопско училиште

Горан Наумовски

Дојави за бомби попладнево стигнале во девет скопски училишта, се евакуираат учениците од втора смена

Маја Илиевска-Пачемска

Нова дојава за бомба, се евакуираат ученици од средното училиште „Јосип Броз“ во Скопје

Маја Илиевска-Пачемска