На прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев објави снимки за кои рече дека дрскоста и нечовечноста на власта со манипулацијата со социјална помош за добивање гласови од Ромите.
Заев вели и дека Гордана Јанкуловска договара доделување пакети брашно и злоупотреба на биометриските пасоши.
Заев објави разговори за кои вели дека се со Душко Миновски, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска.
Соговорниците, вели Заев барале списоци за исплата, бараат, како што велат на циганите да им се даде брашно за да не „бамборат“, и да им се одземат биометриските пасоши.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Душко Миновски
ДМ: Министре, повели.
МЈ: Што, да, кажи, дај ми USB, негде катастрофа, 400-500 останато, негде 50, Неготино на пример не може да мрдне од 50.
ДМ: Овие шо, за посетиве на социјалциве?
МЈ: Не, за овие предметиве, нега, мега, овие…
ДМ: Нега многу направија бе министер, за два дена 850 во струмичко и ова. Едино може Кавадарци, Неготино, да, малце сега. Овде заменик министер што е, државен советник ги вика утре знаеш, ќе гледам барем една екипа тука да остаиме, за Скопје, а да овие двете останат бар таму.
МЈ: Малку да направиш една тура утре, да ги посетиш овие Кавадарци, Неготино, поголемите.
ДМ: Немаше проблем бе министер, ама нели сум оваа турава, у недела се договорив со овој Зоран, што ми го дадовте бројот, ќе дојдам ако сте слободни, од сабајле доаѓам
МЈ: Не ти требам јас. Ти потпрошетај ги. Јас во недела не знам како ќе биди.
ДМ: Добро, добро, важи. Тогаш со тој што ми го даде телефонот, со Зоран.
МЈ: И малку остро, ај у п..ку мајчину нека фатат, не им се работи.
ДМ: Така, така, така. Важи министре, готово, ќе ги поминам овие денови.
МЈ: Утре телефонски ѕвони ги а у недела те молам посети ги.
ДМ: Готово, обавезно доаѓам, од сабајле од девет почнувам. Важи.
Разговор на Гордана Јанкулоска и соговорник
НН: Пропуштив да ви кажам. Зборевме со Спиро, и така идете натаму, добро е на Мирослав да му кажете, нека направат за утре еден список, и Циганиве и на други места кадешто треба социјална помош да пуштиме
ГЈ: Добро, супер, ќе му кажам.
НН: Значи да напраиме еден список, да ми го достави на мене, па ја на Спиро, да пуштиме социјална помош на тие семејства.
ГЈ: Важи. Важи.
НН: Кај што ни е потребно, со тоа да ги фатиме и Циганиве.
ГЈ: Ок, супер, ќе му кажам.
НН: Ајде.
ГЈ: Ајде.
НН: Поздрав.
ГЈ: Поздрав, чао.
Разговор на Гордана Јанкулоска и соговорник
ГЈ: Ало?
М: Ало, добар ден.
ГЈ: Мирослав, абе не ми ги дадовте списоците за социјална помош што ти реков.
М: Оооо, ги направија, 18 луѓе имаше.
ГЈ: Ама дај ги. Не е доволно да се направени, дај ги да им исплатиме на луѓето.
М: Па им кажав, им кажав јас.
ГЈ: Или на мене или на Ристе од кај мене нека му ги прати кој ќе ги прати.
М: Добро.
ГЈ: Добро, ајде, поздрав, чао.
М: Поздрав, чао.
Разговор на Гордана Јанкулоска и соговорник
НН: За ова уште да ве прашам за социјалниве семејства, сега чекам од Мирослав да ми каже колку пари ќе треба, дека ја имам тука на ова.
ГЈ: Добро.
НН: Е сега парите на него да му ги дадам?
ГЈ: Па на него не знам на кој друг.
НН: Јас ќе ги земам од Спиро па ќе му ги предадам на него.
ГЈ: Да де да.
НН: Добро.
ГЈ: Они нека видат како после, натаму.
НН: Како?
ГЈ: Нека види он после како за натаму.
НН: Да. Пошто секундарно дека.
ГЈ: Да, ама најдобро на него да.
НН: На него ќе му ги дадам. Добро.
ГЈ: Пошто негова е одговорноста.
НН: Готово.
Разговор на Миле Јанакиески и НН
МЈ: Да.
НН: Ало.
МЈ: Еј, шо.
НН: Овде сум на Мала Станица. Значи, Циганиве сите излегле, околу 60 и колку, шеесет и осум гласа, шеесет и два гласа. Сега им обеќаме некои 25 пакети со брашно нешто, не знам.
МЈ: Да, ќе им ги дадеме.
НН: Дајте им ги пошто ќе почнат да излагаат, да негодуваат, ќе почнат да бамбурат тука по улици
МЈ: Да….Тони!
НН: Дај те молам организирај ги тие.
МЈ: Ајде, чао.
Разговор на Гордана Јанкулоска и соговорник
ГЈ: Треба таму многу внимателно, оти они, Циганиве многу ги држи Циц. Ти кажав кога беше тоа за поплавите по која линија. И може да не издадат.
НН: Абе…
ГЈ: Значи треба ептен внимателно со разработено…
НН: Види јавна тајна е, овој си работи, праќање тројца, собирање на овие биометрискиве и тоа е. И за возврат нека ги дадат сите тие…
ГЈ: Да де да, ќе направиме проценка колку може. И без врска сега да не, нешто кај што сме сигурни дека не може да не се изложуваме.
НН: Да де да добро, апсолутно, апсолутно.