(ВИДЕО) Заев: Груевски местел тендер за ископ на јаглен за сопственикот на Сител

Од:

Груевски договарал процент и местел фирми да добијат тендери, посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев и објави разговори за кои кажа дека се доказ како премиерот незаконски работел.

Тој објави разговор помеѓу Никола Груевски и Влатко Чинговски за кој рече дека се мести тендер кој треба да го добие еден од сопствениците на телевизиите, Горан Ивановски. Станува збор за месетење на тендер за ископ на јаглен, затоа што Груевски како што вели-кратовчанецот знаеш зашто ни е битен, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција во партиското седиште.

Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Никола Груевски

НГ: Здраво, како си?
ВЧ: Добар, добар сум Претседателе, како сте Вие?
НГ: Тука си или на одмор си?
ВЧ: Тука сум, тука сум, на работа сум, баш еве нешто работам.
НГ: Вчера се видов со кратовчанецот.
ВЧ: Со…?
НГ: Со кратовчанецот, од Кратово.
ВЧ: Кратовчанецот!? Ааа, да, да, да, добро, добро. Јасно ми е.
НГ: Се видел и со тебе.
ВЧ: Да беше кај мене, разговараме, му дадов некои идеи.
НГ: Се видовте и со оној…
ВЧ: Од Битола така?
НГ: …што има кола Сеат Ибица, знаеш? Сеат, Сеат Ибица….
ВЧ: А да, добро, добро.
НГ: Се видов, и двајцата….
ВЧ: Ало…
НГ: …да им помогнеш некако…
ВЧ: Па еве денеска…
НГ: Они ги вртат…они кажуваат дека најверојатно оној Страшо и тој битолчанецот дека ќе бидат…
ВЧ: Да, за тоа, да. Таму сигурно ќе се пријават, ама му реков јас дека може он слободно да се јави, да направи некои конзорциум и да се јави.
НГ: Најбоље е ти тоа да го организираш, да е предвидливо. Они се вака збунети…
ВЧ: Така.
НГ: Не знаат што да прават. Мислам дека треба со нив да се видиш и да ја организираш работата и да се сите задоволни.
ВЧ: Аха. А овој од Берово дојде?
НГ: Оти кратовчанецот знаеш зошто ни е многу битен?
ВЧ: Да, да јасно ми е тоа.
НГ: И тука нема ова или она, друго.
ВЧ: Така. Мене ми јави дека овој…
НГ: Ти тоа го…иде даље, така? Ради тоа…
ВЧ: Така, така.
НГ: Со него немаме друг муабет.
ВЧ: Така, така. Страшо дошол?
НГ: Овој другиот исто имаме одлична соработка со него и не е добро да го исфрлиме сега.
ВЧ: Добро.
НГ: Овој со колата што е.
ВЧ: Така, така, да. Ммм, што сакав да Ве прашам!? Овој бил, Страшо бил кај Вас, исто ми кажаа.
НГ: Не, лаже.
ВЧ: Лаже!?
НГ: Да.
ВЧ: Еее, добро, добро. Добро, јас ќе го викнам уште еднаш Горан, ќе поразговараме малку да видиме што…
НГ: Тука кај, кај овој…КБ.
ВЧ: Добро.
НГ: Кај КБ.
ВЧ: Добро. Ало? Ало? Ало?
НГ: Дали ме слушаш?
ВЧ: Не ништо не ве слушам.
НГ: Ја те слушам добро, не знам што е работата.
ВЧ: Јас не Ве слушам последното нешто беше кај КБ нешто и повеќе не Ве чув.
НГ: Па, најверојатно кај КБ бил. Знаеш кој е КБ, така?
ВЧ: А да, добро.
НГ: Претпоставувам, чим вика дека бил…
ВЧ: Аха…
НГ: Претпоставувам дека бил кај него, а кажува дека бил кај мене.
ВЧ: А добро, зошто јас…
НГ: Ама нема везе, ние…ја немам ништо против бего, нека си биде и он таму, ама…и овие нека влезат во игра, да се задоволни сите.
ВЧ: Да, ама тешко е. На тоа место таму не е ископ на јаловина, него е јаглен испорака. И таму не можат две различни да бидат, мора една да биде конзорциум некој поздрав. Јас разговорав со Горан му објаснив сетоа тоа, и затоа му дадов некое решение да се вклучи со некого, да направи еден подобар така тим. И тој ми вика да ми помогниш. Јас зборев со пријателот на тој од Берово. Он вика а бе како да го тргнам сега него да се вклучам со овој? Му викам ти ако сакаш да добиеш работа, ти кажувам како да добиеш, многу едноставно. Така да ќе треба да седнам малку…
НГ: Не знам, ја не сум во тек…види, ќе му кажам и на КБ да се чуе со тебе и да се изорганизирате.
ВЧ: Добро, може така…
НГ: Поздрав.
ВЧ: КБ денеска се чувме, отишол на одмор. Вие планирате да се видиме, имам неколку други работи што треба да поразговараме малку…
НГ: Кој отишол, КБ?
ВЧ: КБ рече од утре не е тука.
НГ: Е па вечер видете се, сега попладнево.
ВЧ: Е па , да поразговарам со него, да се видиме. Јас сега пред 10 минути зборев со него…
НГ: Сега ќе му се јавам јас, ќе го упатам да се видите вечер.
ВЧ: Е важи, важи. Нека помине од кај мене или ќе поминам јас, било како.
НГ: Важи, договорено.
ВЧ: Е така.
НГ: Поздрав.
ВЧ: Ајде, поздрав.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски