Зошто на нацоналниот сервис МРТ не слушнавме ниту збор за заканата кон Борјан Јовановски. Зошто МРТ пренесува информации кои немаат врска со реланоста. Го отвораме пакетот за поклопеноста на медиумите од страна на Груевски. Ја разобличуваме и спрегата Груевски-приватни медиуми, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција.
МРТ е претворена во штаб. Кај Јанкулоска посоти списоче не само за судии туку и за кадри во МРТ договорени со Никола Груевски. Премиерот поставувал дописници во Вашингтон и Атина.
Предлозите за новинари за МРТ доаѓале од штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев и објави разговори за кои посочи дека се помеѓу Гордана Јанкулоска со Никола Груевски кои разговаараат кој да се постави за дописник од Атина и Вашингтон.
Во разговор за кој беше посочено дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер тој бара да се поништи огласот за МРТ.
-Или ќе пуштаме од комитетети предлози или ќе јакнеме капацитет. Имам обврска да дадам информација до комитетите кога ќе има логика. Ние ги преполнивме институцииве со неспособни луѓе, на база на нечија желба. Сите имаме луѓе, ама квлаитет немаме.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
НГ: Ало
ГЈ: Ало да…
НГ: Како си Горде?
ГЈ: Добро еве со работа претседателе….
НГ: Вака сеа, за овие кадровските со кого ја требаше да зборам сеа
ГЈ: Само секунда…
НГ: Го имаш ли…земи го списокот пред тебе ја имам нешо бележано ама не сум сигурен
ГЈ: Ја си го имам тефтерот одма се е кај мене прецизно утврдено само да отворам…значи ај вака од почеток, како шо ги имавме запишувано. За дописнициве, за Вашингтон и Атина нели рековте уше еднаш ќе зборите со Марина Христова за Атина а евентуално Антонио Спасев и Борче Стамов…
НГ: Мхм
ГЈ: А следно сега…одам по ред да не пропуштам некој…добро овие кај шо сме имале дилеми и кај шо имаме време не ги спомнувам…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер
ГЈ: Да.
МП: Ало,
ГЈ: Е кажи Мартин.
МП: Горде?
ГЈ: Кажи.
МП: А бе ова огласот за МТВ…
ГЈ: Добро.
МП: Ја мислам да го поништиме. Зошто се полунормални луѓето што се вакво. И ние сега ако сакаме да ја јакнеме МТВ, да донесеме луѓе проверени, што ќе ги видиме, ќе знаеме кои се…
ГЈ: Мартин, ама у тој случај ние треба да рсчистиме сами со себе. Или ќе пуштаме од комитети предлози, или ќе јакнеме капацитет. Најчесто не одат заедно тие две работи.
МП: И ќе јакнеме капацитет, и ќе пуштаме од комитети. Пошто не може сега некои…
ГЈ: Е па овие се од комитети.
МП:…некоја Емче таму, некои вакви, знаеш, некои…не, не, анонимуси што…Ако е за вработување, тоа им викам, дај у Водовод ќе ги вработиме, не може новинари да бидат.
ГЈ: Ама тие се од комитети предлозите. Тоа е квалитетот.
МП: Па добро, не може. Ќе ги одбиеме. Ќе го поништиме огласот и ќе…
ГЈ: Добро, како сакате.
МП: И ќе ја направиме МТВ како што треба.
ГЈ: Мислам ја имам обврска кога ќе има оглас да ги известам комитетите да дадат предлози, да ги поминеме на кадровска, така. Не можам јас да им викам на комитетите…
МП: Се согласуваш ли со мене за ова?
ГЈ: Овој ти е малоумен, без разлика што го мислам тоа…
МП: Ама се согласуваш со мене?
ГЈ: Види, јас генерално мислам дека ние курсов малку треба да го смениме.
МП: Да. Така?
ГЈ: Значи, не само за овој оглас. Сега МТВ е на дневен ред.
МП: Да де да.
ГЈ: Ние ги преполнивме институциите…
МП: Со неспособни луѓе…
ГЈ: Со луѓе што не се за таму. Може таа Емче за негде ја бива. Ха, ха.
МП: Емче може, Емче може во Фитосанитарна да иде.
ГЈ: Не бе, океј. Мислам секој човек нека си ја најде среќата. Ха, ха. Ама ние ги преполнивме…
МП: Не може сега, зошто е новинар? Зошто имал желба! Па јас сакам пилот, сега у…
ГЈ: Па тоа ти викам. Ние ги преполнивме институцииве на база на нечија желба. И сега како бројка никој неможе да рече немам луѓе. Пошто сите имаме, и поише од колку што ни треба.
МП: Да, да.
ГЈ: Ама како квалитет немаме. А од друга страна курсот е овој што ти кажувам, искача оглас, пушти комитети…таа е понудата.
МП: Добро, го мењаме. Еве од сега тргаме, поништување. Јас ќе му кажам и на Претседателот и готово. Кои се причините и ќе се согласи и он, и он е за тоа.