(ВИДЕО) Заев: Груевски и Мијалков се пазареле за името

Од:

Дојде време јавноста да ја дознае вистината за лагата врз која Никола Груевски го изрази лажниот мит за неговиот патриотизам.

Цел култ разви овој човек врз оваа теза. Се пазарел, и тоа како се пазарел Никола Груевски со името на РМ, рече лидерот на Зоран Заев на прес конференцијата во партиското седиште.

Ова не се информации од преговарачкиот процес, туку конкретни докази за пазарењата на Никола Груевски со луѓе од андерграунд од доверба во Македонија и Грција. Кога излегоа информации дека се водат тајни преговори , тогаш кога Груевски обвинуваше дека платеници и соросоиди заговараат промена на името, е токму тогаш се правеле пазари ама од страна на власта.

Не биле официјалните преговорачи, Зоран Јолевски или Никола Димитров, за уставното име под маса во тајни простории со познатиот бизнис партнер од Грција на Мијалков и Груевски и заштитниот сведок кој го местеше Љубе Бошкоски дека ја продал државата, со Емануел Маноли разговарал токму Сашо Мијалков.

Се пазарел за уставното име на РМ со грчкиот партенр, и тоа се слуша од аудио доказите. Ќе стане јасно дека Никола Груевски лажел дека не се пазарел за уставното име на државата. И не само што го правеле ова, туку тоа го правеле тајно преку свои луѓе, рече Заев.

Заев објави снимка за која рече дека преговарачот за името Зоран Јолевски му признава на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски дека медијаторот Нимиц чувствува дека е исклучен од процесот на преговарање, токму кога се воделе овие тајни преговори за името.

1.Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Зоран Јолевски

ЗЈ: Јас сакав да ве побарам…околу ова што се видов со Нимиц, во ова. Овака, најбитно е тој е малце како исклучен од процесот, ја немам проблеми со него више???…..не толку што е исклучен туку што ќе речат другиве, го гледам како грижа му е. И сега вика со Василакис не бил скоро три месеци во контакт. Во петокот му се јавил и побарал, исто и мене ми рече да направиме некоја средба.
АМ: Да да
ЗЈ: Јас вика пред три дена се сетив и на премиерот му пуштив и СМС, не дека има што да му кажам, прво не ми се јави, ми се јави после тоа.
АМ: Да,да
ЗЈ: И премиерот ми рече…само кажи му да не биде дека сум јас таму, да не направат шпекулации…
АМ: Да да да
ЗЈ: Таму е Папандреу и Груевски ….
АМ: да да да
ЗЈ: или Пред или после тоа…
АМ: да да да
ЗЈ: Така како функција (инструкција) го добив. Јас денеска не сум му се јавил на премиерот, утре ќе му се јавам, дека не е ништо премногу итно. Тоа фактички, он вика, сакам да покажам дека процесот е жив.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски