(ВИДЕО) Заев: Груевски ги прислушкувал борците за човекови и граѓански права

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференција во Кампот на слободата, кажа дека службите на УБК, под палката на Груевски и Мијалков, прислушкувале 10 невладини организаци, меѓу нив:

НВО Инфо Центар, Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, Транспарентост Македонија, Фондацијата Отворено општество, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Истражувачки центар за граѓанско општество, Граѓанската платформа АЈДЕ, Центарот за стратешки анализи Форум, Македонски центар за европско образование, Фондацијата Метаморфозис.

Прислушувани биле првите луѓе на овие организации но и активните членови.

„Со ова се загрозени основните човекови права“, рече Заев.

Тој рече дека денеска наброените ќе ги добијат снимките и транскриптите во папки. Рече дека е разбирливо зошто нема да се емитуваат снимките, велејќи дека станува збор за борци за човекови права, кои се прислушкувани претежно преку прислушкување на првите луѓе, но неретко и други кои разговарале со нив.

-Јасно е зошто јавно нема да бидат објавени. Граѓанскиот сектор е дел од демократската јавноста и тоа мора да го почитуваме. Дел од најактивните организациии, кои се активираа критички за општествените активности, кои се борат за различни видови човекови права, се прислушкувани и Никола Груевски со тесната група соработници ги поткопа до темел уставните начела на кои се поставена Република Македонија. Вистината за Македонија покажува дека нема сектор, дел, каде не влегол Груевски. Покажува дека се прислушкувани и послушници на Груевски.На овој начин Груевски и помошниците го држеле поед контрола општеството и ја држеле власта и моќта. Груевски ја држел власта со незапаметено во светски рамки прислушкување. Така контролирал, поткопувал, кроел свои прегтовори, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице