(ВИДЕО) Заев: Еве како се договараат провизии и опрема за прислушување

Од:

Лидерот на СДСМ денеска објави разговор меѓу, како што вели, соработничката Светлана Костова со Haim Hakeyny од Изреал и Влатко Стојковиќ. Костова прашува дали има нешто ново за плаќањето на провизии и набавка за опрема за прислушување.

Лицето за кое Заев вели дека е Стојковиќ вели дека уште 100-ка фали.

Разговор помеѓу Светлана Костова и Haim Hakeyny

ХХ: Ало, Светлана.
СК: Да, Хаим.
ХХ: Добра вечер.
СК: Добра вечер.
ХХ: Добра вечер госпоѓо.
СК: Добро вечер господине. Како сте?
ХХ: Како сте Светлана? Дали е се во ред?
СК: Да, се е во ред. Само што се вратив од суд.
ХХ: Вие, што?
СК: Бевме на суд денеска, на едно сослушување.
ХХ: И веќе имате домашна?
СК: Да.
ХХ: Аха, значи сериозно е ова. Хаха.
СК: Вие како сте.
ХХ: Добро. Дали вчера ја добивте мојата порака ?
СК: Да, да и го очекував вашиот повик.
ХХ: Се сретнавме со директорот, и состанокот беше многу добар, како и секогаш. И работите стојат вака: ние сега ја променивме банката, на друго место, друга банка.
СК: Во Македонија?
ХХ: Не, не. Во Будимпешта.
СК: Во Будимпешта, во ред.
ХХ: затоа што беше многу, многу, многу бавно и тоа е проблем.
СК: Мхм.
ХХ: И директорот ни даде детали од друга банкарска сметка на која ќе ги уплатиме парите. Но, во понеделник компанијата конечно ќе го плати остатокот од парите за авансот
СК: Во ред.
ХХ: Бидејќи тие ги добија парите од Будимпешта, мислам дека вчера или денес, така некако. И тие ќе го направат тоа во понеделник. Ние ги разгледавме бројките и слично, нема никакви проблеми и тоа е тоа. Јас ќе останам во конаткт со Вас, затоа што е многу важно за мене и за проектот Вие да бидете запознаени со нови информации.
СК: Секако. Јас се враќам следниот петок.
ХХ: Вие си заминувате за 8 дена од денес.
СК: Да, следниот петок ќе бидам во Македонија, не е проблем.
ХХ: Аха, во ред тогаш. Јас сега нема да Ви дадам детали, Вие ќе ги видите лично.
СК: Да.
ХХ: Во ред штом е така, јас ќе останам во контакт со вас со цел да Ве известувам, или со смс или со телефонски повик, но е многу важно Вие да бидете информирани и јас ќе се погрижам за тоа.
СК: Во ред, Ви благодарам многу.
ХХ: Во ред. Ви благодарам Светлана.
СК: Во ред Хаим, имајте убав ден.
ХХ: Ви благодарам.
СК: Пријатно.
ХХ: Пријатно.

Разговор на Светлана Костова со Влатко Стојковиќ

ВС: Ало?
СК: Ало Влатче?
ВС: Еј, повели.
СК: Заборавив вчера да те прашам…
ВС: Ајде.
СК: Да не има нешто ново во однос на плаќањето?
ВС: Е па денеска ќе провериме, мислам дека ќе, би требало да стигне имаме најава и да видиме ако може утре или задутре да исплатиме.
СК: Сето да го завршите. Добро оти…
ВС: Ама мислам дека….
СК: Ние имаме состанок со директорот, затоа.
ВС:…далеку е од све. Мислам дека уште 100-че фали.
СК: Пак ќе фали, а?
ВС: Не, не уште 100-ка фали, не се стигнати или 90…
СК: Овие, овие што ќе стигнат пак ќе фали?
ВС: Е не, ја ги очекувам тие дали се стигнати. Значи уште тие 90 последните.
СК: Ако стигнат тие може да се затвори авансот конечно.
ВС: Да, да, да. Ако не е стигнат исто ја ќе пробам евентуално со мои нешто да убацам некои динар, за да затворам. Ваљда они ќе ги пуштат сите.
СК: Не јас ќе се видам денеска секако со директорот, значи така е договорено…
ВС: Кажи му така, молим те. И она поразговарај го конечно зошто јас се чув со него…
СК: Да де да, еве го јас правам нешто, не ставам и тука нешто, знаеш како нешто измислив, ама…ќе ти кажам, само првин директорот да го види.
ВС: Види ако може, можеш и да ме викнеш, не е проблем никаков.
СК: Не, не овде ставив amount of the donation will be толку и толку which is include или така нешто, кое е вклучено expenses and provision for the така нешто ќе биде.
ВС: Може, може.
СК: Така нешто, ќе го прашам само директорот и така ќе го ставиме.
ВС: Мора да стои за да знаеме…
СК: Мене ми е уште го немам видено да знаеш.
ВС: Ако, ако.
СК: Само ми прати порака дека денеска ќе се видиме..
ВС: И мене вчера ми рече дека ќе ме викне, ама
СК: Не, не денеска мора да ме види, имаме состанок…
ВС: Важи. Здравје
СК: Мислам дека ќе се видиме.
ВС: Важи. Ако Ви требам, свртите, иако јас ќе бидам денеска со некои гости ама…
СК: Не е страшно. Сакав да бидам сигурна што имаме до крај.
ВС: Важи. Супер се гледаме, чао.
СК: Важи, чао.


Разговор помеѓу Светлана Костова со соговорник 2

С.2: Ало.
СК: Молам.
С.2: Светлана?
СК: Да.
С.2: Здраво —— е на телефон. Како сте?
СК: Добро, благодарам. Како сте Вие?
С.2: Добро сум, добро. Имате неколку минути?
СК: Да, секако, секако.
С.2: Во ред. Најпрво да зборуваме за нашиот бизнис. Дали имате некои информации за трансферот?
СК: Во ред.
С.2: Знаете нешто? Дали е пристигнато или?
СК: Не, затоа што не го видов директорот денес, но мислам дека утре ќе се видам со него.
С.2: Во ред. Затоа што ни е важно да знаеме, бидејќи сакаме да продолжиме како што се договоривме.
СК: Во ред.
С.2: И втората работа е во врска со посетата.
СК: Да.
С.2: Јас проверив и видов дека празникот е на 7ми и на 8ми. Затоа втората седмица не е во ред.
СК: Во ред.
С.2: Затоа ако сакате да дојдете, ќе треба да одберете една, две или три седмици подоцна, како што сакате.
СК: Не, три седмици е малку доцна и ќе биде невозможно.
С.2: Затоа ќе треба да одлучиме, дали седмицата што започнува на 13-ти или 20-ти?
СК: Ќе мора да проверам со директорот, во врска со ова. Утре ќе го прашам за трансферот и за датумите, и ако е прифатливо за 13-ти, оваа седмица
С.2: Во ред. Дали сакате да Ве побарам утре ова време?
СК: Да, ако имате време.
С.2: Да секако. Значи околу 4-5 часот да Ве побарам?
СК: Ве молам пред 5, затоа што имам час по француски јазик, имам тест, затоа.
С.2: Во ред значи пред 5 часот.
СК: Да.
С.2: Во ред, ова време значи.
СК: Да.
С.2: Во ред, и ќе ми кажете дали оваа седмица е во ред и ќе одллучиме за точниот датум, но да знам која седмица.
СК: Во ред. Јас само сакам да го прашам дали е прифатливо за него, сакам да бидам сигурна дека ќе се согласи со датумот.
С.2: Во ред, во ред. Значи ќе зборуваме утре и ќе се договориме. Ви благодарам многу Светлана. Пријатно.
СК: Пријатно.

Разговор помеѓу Светлана Костова и соговорник 2

СК: Ало.
С.2: Здраво Светлана. —- е на телефон, како сте?
СК: Добро, благодарам. Бев на состанок и затоа не можев да се јавам.
С.2: Во ред. Ве барав и вчера вечерта.
СК: Вчера имав тест по француски јазик и телефонот ми беше исклучен, а потоа заборавив да го уклучам.
С.2: Во ред, не е проблем. Значи дали имаме новости или сеуште не?
СК: Тој рече дека ќе провери, а за датумите е во ред.
С.2: Седмицата што започнува на 13-ти?
СК: Да, таа. Но за трансферот тој рече дека ќе провери и ќе ми даде дозвола да…но се до сега тој не ми дал дозвола да пратам уште еден трансфер.
С.2: Не Ви даде?
СК: Не, не.
С.2: Значи ние чекаме?
СК: Сеуште чекаме тој да ми се јави.
С.2: Во ред, не е проблем. Јас ќе го информирам ХХ, најверојатно тој ќе Ве контактира утре или задутре, и можете да му пратите смс ако сакате.
СК: Да.
С.2: Во ред, ќе чекаме.
СК: Денес му пратив смс порака повторно, затоа што е болен и не е на работа и се надевам дека ќе одговори.
С.2: Во ред. Значи ќе почекаме со вториот трансфер
СК: Да. Бидејќи тој рече дека ќе ми даде дозвола за…
С.2: Во ред, ќе му кажам на ХХ и ќе чекаме. Во врска со Вашата посета. Мислам дека треба да дојдете во недела, ако тоа е во ред со Вас.
СК: Во ред.
С.2: Можете да пристигнете во недела доцна навечер и да почнеме во понеделник наутро.
СК: Тоа е 12-ти јуни.
С.2: Да, на 12-ти јуни е летот за Израел. А за летот назад сеуште не знам, но ќе биде или четврток или петок.
СК: Во ред, тоа зависи од вас.
С.2: И ќе имаме најмалку три дена. Дали е во ред за вас да се вратите четврток или петок?
СК: Да во ред е, но зависи од Вас, како ќе успеете се да организирате. Од вас зависи, но јас ќе бидам слободна таа седмица.
С.2: Во ред. Значи, се договоривме дека ќе дојдете во сабота на 12-ти и ќе видиме кога ќе се вратите. Во ред, ќе Ве известам.
СК: Во ред. Ви благодарам.
С.2: Ви благодарам Светлана. Пријатно.
СК: Пријатно.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски