Лидерот на СДСМ објави два разговори за кои рече како Груевски го подготвува амбиентот за месетење на тендерот за пругата Куманово-Бељаковце, како за фирмите зборува во шифри со првите букви од земјите од каде доаѓаат-Германија, Чешка, Грција, Австрија.
Разговорот според Заев се води помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески.
-Груевски има намера да стапи во контакт со некоја и сака да биде сигурен за некоја за како што вели може да и се среди, рече Заев.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Миле?
МЈ: Молам?
НГ: Што правиш?
МЈ: Добар.
НГ: Ти ми даде едно ливче таму за железницата ли беше тоа?
МЈ: Да.
НГ: Да не ти е кај тебе, тоа да ми го пратиш? Па го забораив на работа.
МЈ: Не e. Можам да организирам да Ви пратам. Дома сте?
НГ: Дај му го…нека му го дадат на…на некој од моиве, на Урко, ама у затворено плико и да ми го донесе.
МЈ: Важи, готово.
НГ: Ајде.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
МЈ: Ало.
НГ: Миле, го гледам ова што ми го прати. Значи првите се од Г, така?
МЈ: Да.
НГ: Вторите се од Ч…
МЈ: Да.
НГ: Третите се од Г, оваа доле Г
МЈ: Да, да, да.
НГ: И четвртите се од А?
МЈ: Да. Тие четири генерално можат.
НГ: Така. А може ли тука, мора ли првиот или може некој унатре што е, од било кој од четирите?
МЈ: Првиот има на четири ставки дампинг цена, и сега тоа треба да се провери. Мислам дека има финта направено.
НГ: Што значи дека може и на вториот да се иде, така? МЈ: Па, да. Затоа реков да се видиме за…така.
НГ: Добро, ја вака првично да ми укажеш да знам у кој правец да се размислува.
МЈ: Само треба што е можно поскоро, да не дојдеме „5 до 12“.
НГ: Аха. Добро.
МЈ: Јасна е ситуацијата, тоа Ви го направив на кратко многу за да Ви е јасно. Инаку цел рерпот има вака.
НГ: Значи сигурен си за овој првиот дека има некои проблеми, така? МЈ: Да, да, сигурен.
НГ: Значи може вториот евентуално, а третиот и четвриот нема шанса, така? МЈ: Па уште…
НГ: Да не…А ?
МЈ: Па уште не е гледана уште техничката добро.
НГ: А за вториот гледана ли е?
МЈ: Не, од никој не е гледана. Значи, прегледани се, ама не е до крај. За сите има побарано дополнителни. Така да…
НГ: У суштина може, у меѓувреме ако се стапи со некој у контакт, може после да испадне дека не може да му се среди, само јаде трици у меѓувреме.
МЈ: Генерално, првите два.
НГ: Значи многу е лошо со некој да се збори…
МЈ: Да, да, знам.
НГ:…и после да му речеш: еј, убаво што си зборевме ние, ама ти таму имаш некои фалинки, не може. И после, е тогаш он ќе јаде трици.
МЈ: Првите два, генерално, така.
НГ: Добро, океј.
МЈ: Пријатно.
НГ: А четвртиот, не може?
МЈ: Да, малку да…
НГ: Тој од А.
МЈ: Да отворам малку, да Ви кажам, вака не можам.
НГ: Отвори, па кажи ми, да, да не се лута, знаеш.
МЈ: Важи, важи.
НГ: Ајде, чао.