Заев денеска ја објавува 14. бомба

Од:

За денеска во 14 часот, во седиштето на СДСМ во Скопје е планирана нова прес конференција на лидерот на партијата, Зоран Заев, која ќе биде продолжение на проектот „Вистината за Македонија“. Заев ќе ја објави 14. бомба.

На серијалот прес конференции досега беа објавени повеќе аудио снимки од телефонски разговори кои, како што велат од опозицијата укажуваат на криминал и злоупотреби во власта.

Опозицијата досега објави дека во Македонија се прислушувани 20.000 граѓани, меѓу нив и најблиските соработници на Груевски, лидери и министри на ДУИ, лидерот на ДПА, потоа раководството на СДСМ, Бошкоски, Жерновски, Петковски, новинари, судии, обвинители, МПЦ, ИВЗ, МАНУ.

Заев на прес конференциите пушти аудио снимки, за кој вели дека покажуваат како власта ги крадела и фалсификувала изборите во Цела Македонија, особено начините на кои тоа се договарало и правело во Центар и во струмица, потоа како луѓе од власта и медиуми договарале пресуди, избори на судии и обвинители, каква била спрегата меѓу власта и дел од медиумите, како се апсел Љубе Бошкоски, како се нарачувало и договарало уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, како се договарале и што мислат министрите за трошењето на буџетските пари.

Како што беше досега објавено, стотина новинари исто така беа следени.

Тие најавија дека правдата ќе ја тераат до крај и побараа оставки од Груевски, Јанкулоска и Мијалков.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски