Заев-Бејли: Прислушувањето и упадот во судството се мал дел од доказите како Груевски го погази уставот

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на САД во Република Македонија, Џес Л. Бејли.

Претседателот Заев му се заблагодари на амбасадорот Бејли за сета поддршка што ја даваат Соединетите Американски Држави во сите процеси на демократизација на Република Македонија.

-За жал, тие процеси се веќе подолг период сериозно нарушени и СДСМ како најголема опозициска партија има одговорност да ги врати уништените демократски вредности, поради коишто луѓето ја напуштаат земјата, а Македонија назадува во евро – атлантските перспективи, рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше за загрижувачката ситуација во државата со кршењето на основните човекови права, за предизвиците за функционалност на државниот систем во услови на поклопеност од страна на власта и нарушениот демократски амбиент во земјата.

Раководството на СДСМ соопшти дека прислушувањето и упадот во судството се мал дел од доказите како Груевски и неколку луѓе околу него со своите незаконски и криминални активности го погазиле уставниот поредок, со единствена цел да воспостават контрола врз се во државата и на тој начин да го обезбедат своето владеење.

-Тоа се сериозни докази што СДСМ има морална и законска обврска да ги сподели со јавноста со крајна цел нормализација на Македонија, рече претседателот Заев на првата средба со новиот амбасадор на САД во Република Македонија Џес Л.Бејли.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Баковска: Скандал, градоначалникот на Демир Хисар од ДПМНЕ незаконски сака да разреши директорка на училиште

(ВИДЕО) Нешковска: Статистика објави алармантни бројки, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8 отсто

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува – хидросистемот Ѓавато не функционира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Младите во Македонија спасот го гледаат во странство – бројот на вработени намален за 17.000

СДСМ: Скапо ја плаќаме неспособноста на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?