Заедно против насилството

Од:

Во рамките на проектот „Безбедни училишта – Хармонична средина“ во организација на Град Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи, на Школка во Градски парк се одржа јавен собир „Заедно против насилството“.

Безбедноста на учениците и на вработените во училиштата се основни човекови потреби и права, но насилството во континуитет е присутно во училишните средини што го намалува квалитетот на воспитно-образовниот процес. Во заложбите на училиштата да ги создадат неопходните услови за работа и учење, тие треба да имаат постојана поддршка од локалната заедница и од соодветните институции.

Поаѓајќи од овие стојалишта Градот Скопје минатата година потпиша Меморандум за соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и во проектот беа вклучени шест училишта. Позитивните искуства од реализацијата на овој проект во тие училишта и желбата да се воспостави континуитет во намалувањето на насилството, придонесоа оваа учебна година да се вклучат и преостанатите 15 средни училишта.

На настанот, којшто се одржа денеска во Градскиот парк, присуствуваа претставници од Градот Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи, родители, наставници и ученици, а настапија и музички бендови од неколку средни училишта.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето