Задутре истекува рокот за аплицирање за студентска стипендија

Од:

До 4. декември трае конкурсот на Министерството за образование и наука за аплицирање за стипендии за редовни студенти за академската 2014/2015 година.

Ќе бидат доделени вкупно 2905 стипендии: 1500 се наменети за студенти од социјални категории и нивниот износ е 3.000 денаримесечно (за девет месеци), 630 се стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех и висината е 4.000 денари месечно. За неа е потребно најмалку 8.5 просечна оценка за студенти од техничките факултети и медицинските науки и најмалку  9 просечен успех за тие што се запишани на факултетите од општествените науки и од уметностите.

По 5.500 денари месечно е износот на 125 стипендии наменети за студенти по информатика, и 650 стипендии (по 3.000 денари) се за студенти запишани на студиски програми од природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и медицинските науки.

– Право да добијат стипендии имаат редовните студенти на јавните и приватните  високообразовни институции. Условите се да не повторувале во текот на студирањето, да не користат друга стипендија и да се државјани на Република Македонија, рече министерот Адеми на прес-конференција. Има и дополнителни услови за секоја стипендија и тие се наведени во конкурсот.

На интернет-порталот konkursi.mon.gov.mk е поставена електронската пријава. Задутре завршува рокот за електронско аплицирање, а документите во МОН ќе се доставуваат од 15-ти до 30 декември. Резултатите ќе бидат објавени на 3 февруари 2015, на порталот stipendii.mon.gov.mk, на кој може да се најдат дополнителни информации за конкурсот.

– Ве уверувам дека целиот процес ќе биде транспарентен и објективен и дека стипендиите ќе ги добијат оние кои ги исполнуваат условите, додаде Адеми.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска