Забрана за камиони на патот Маврово-Дебар

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планиските премини Стража, Буково и Ѓавато. Од 07:00 часот изутрина поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Оттаму потсетуваат на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Укината забраната за тешки товарни возила преку Стража

Забрана за тешки товарни возила преку Стража

Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар, пуштен сообраќајот во двата правца

Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир

Катерина Ѓуровски

Камиони и автобуси не смеат да се движат на патот Тетово – Попова Шапка

Жарко Настоски

АМСМ: На планинскиот премин Плетвар возилата се пропуштаат наизменично и редуцирано