За викендот сончево и топло, од понеделник заладување

Од:

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата, соопшти УХМР.

На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник. Во
понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.

Минималната утринска температура ќе се спушти до два степена, максималната дневна за викендот ќе достигне до 29, а во наредните денови до 25 степени.

Би можело да ве интересира

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, температури до 16 степени

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени