За викенд сончево, во понеделник пад на температурите, од вторник повторна стабилизација

Од:

– За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот.

Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура. Од вторник повторно се очекува стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

Според прогнозата на УХМР, утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе биде во интервалот од 9 до 18 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време со температура до 33 степени.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен