За шест месеци од ССМ правна помош побарале 2.293 работници

Од:

Во првата половина од годинaвa од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) заштита на правата од работен однос побарале 2.293 работници. Од барањата, најголем дел се однесуваат на неисплатени плати и откази од деловни причини, информираше денеска на прес-конференција претседателот на ССМ Живко Митревски.

Од 10 регионални синдикални претставништва и од синдикалните канцеларии во Македонија од каде што се преземаат активностите за заштита на работничките права од овластени правни застапници, најголем број обраќања се за Синдикатот на работниците за угостителство, туризам, комунално станбено стопанство, занаетчиство(СУТКОЗ) со 862, потоа синдикатот на АГРО со 793, СИЕР 598, СГИП 215…

– Една од нашите активности што ги насочуваме и фокусираме е решавање правни случаи по пат на спогодби од кои имавме 55 случаи, за 1.069 обраќања дадени се стручни совети, изготвени се 515 барања и 151 приговор до надлежни органи во претпријатијата или други институции во државата, а изготвени се и 24 обраќања до Државниот инспекторат за труд, изјави Митревски.

Додаде дека за случаите каде не е постигната согласност се водат судски постапки, за кој поднесени се 82 тужбени барања, водени се 335 расправи, а добиени се 316 пресуди.

– Досега најголем број обраќања се по основ на неисплатени плати (526), 227 за надомест за храна, 221 за надомест за превоз, 553 за неуплатени придонеси за ПИО, 554 за отказ од деловни причини, 217 за неуплатени придонеси за здравствено осигурување, рече Митревски.

Нагласи дека со бесплатната правна заштита што ССМ ја дава за своето членство, ССМ остварил заштеда за работниците од 120.000 евра во првите шест месеци во 2013 година.

– Во насока на подобрување на правната заштита во наредниот период ССМ ќе се залага за формирање посебни судови за работни спорови, намалување на судските такси, профункционирање на Законот за заштита од вознемирување на работното место, имплементирање на Законот за мирно решавање на работните спорови,…рече Митревски.

На новинарско прашање за ставот на ССМ за иницијативата за промена на временската зона во Македонија, Митревски кажа дека тие минатата година предложиле поинаков предлог за регулација на работното време и ваквата активност ја разгледале и на економско-социјалниот совет.

Тие подржуваат секаков пристап кој ќе оди во поинакво уредување на работното време со оглед на временската зона, климатските промени и дека дадени се конкретни предлози и мерки во однос на топлотниот бран кој ја зафаќа Македонија.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ