За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Од:

Полицијата расчисти три кражби кои биле извршени во куќи во гостиварското село Дебреше. Две лица се осомничени како сторители откако кај нив се пронајдени електрични апарати и накит кои претходно ги украле.

Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, по спроведените активности, надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово расчистила три тешки кражби, пријавени во Полициското одделение Галате.

– Кражбите се случиле во три куќи сопственост на С.Б., Г.Б. и С.Б. во гостиварско Дебреше во периодот од 3.8 до 9.9.2024. По преземени мерки, на 10 септември се уапсени А.К.(43) од гостиварско Леуново и С.С.(36) од Дебреше, вели портпаролот Реџепи.

Тој напомена дека по извршените претреси, кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела и им биле вратени на сопствениците. По документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски