За реформите во судската власт – „Гас до даске бебице….“

Од:

Примената на законите мора да биде на основа текстот на законодавецот, а не на основа т.н. „Судиско убедување“.

Со други зборови, „Судиското убедување“ е дозволено исклучително во услови кога истото е во склоп на законската норма, со целосен легитимитет на Судијата да го презентира својот стручен став околу презентација и примена на законскиот текст.

Во сите други случаи, односно, во услови на примена на „Судкиското убедување“ надвор од рамките на ставот на законодавецот, истото е недозволено и повлекува секаква одговорност на судијата.

Изразот „секаква“ одговорност не е случаен, па под „секаква“ одговорност, се подразбира морална (која подразбира самоиницијативно повлекување од судската функција), материјална (која подразбира надомест на предизвиканата или штетата која можела да биде предизвикана), но и кривична одговорност (која подразбира отпочнување на соодветна кривична постапка, која согласно новиот Закон за кривична постапка се покренува и само по т.н. „Допрен глас“, но секако и по поднесување на соодветни пријави од страна на граѓани, правни лица, но и стручни лица кои иматт сознанија за вакви нелегитимности од страна на одредени Судии, преку кои активности се одземени или ограничени права на граѓаните).

Од тие причини, отворено можам да кажам дека се срамам што дејствувам во ваков систем на спроведување на судската власт, но истовремено, горд сум што ги изложив проблемите во една моја неодамнешна Колумна – насловена како „Утврдување лична и поединечна одговорност за секој судија“, кој став претставува став и на експерти од меѓународната заедница во делот на решавање на проблеми во работата на судската власт.

Во цитираната колумна ги изложив своите ставови, а тоа е дека правата на граѓаните не се губат само во Кривичниот суд, но истите се губат и во Граѓанскиот суд, преку кои Одлуки се одземаат, или се ограничуваат или се наметнуваат права кон граѓанинот, кои права ниту можат да му бидат одземени, ниту смеат да му бидат ограничени, ниту смеат да му бидат наметнати, но истите се создаваат на основа т.н. „Судиско убедување“ на страна на одреден судечки Судија.

Таквите постапувања мора да бидат посочени, и за истите мора да постои одговорност, а таквата одговорност од своја страна би претставувало основ за повторување на постапката и враќање на одземените или ограничени права на граѓанинот.

Заради тоа, ќе го употребам како парадокс насловот на една парола на опозициската партија, која ги повикуваше граѓаните со паролата „За Македонија се работи“… кое бламирање. Граѓанину, за тебе се работи, затоа што кога ќе се решат проблемите, или кога ќе се усмерат во прав тек начинот на решавање на проблемите на граѓаните, само во тие услови ќе може да се каже дека за Македонија се работи, затоа што тоа ќе значи дека институциите функционираат согласно правилата на законите, а не согласно правилата на малкумина или правилата на елитата.

Во тој смисол беше и насловот на текстот, произлезен од една актуелна песна на легендарниот Горан Бреговиќ – „…Шест месеци ми вручина…Турбо је година… Гас до даске бебице…“ за тоа дека крај на импровизираното судство мора да се стави, остварување на правата на граѓаните мора да настапи… е тогаш ќе може да се каже „За Македонија се работи“.

Сега во овие услови… паролата е… „Граѓанину, за тебе се работи“.

Адвокат – м-р Стојанче Геровски

Би можело да ве интересира

Нема играње со трпението на моќта

Наум Локоски