За продолжениот викенд на ГП Делчево поминале 7.750 патници

Од:

На граничниот премин Делчево зголемена е фреквенцијата на патници и возила. За продолжениот празничен викенд преку овој Граничен премин на излез и на влез во државава поминале 7.750 патници од кои само на 8 септември на излез имало 2.000 патници. Како што истакна командирот на ПС на ГП Делчево, Марјан Димитровски, најголем број од патниците или 90 отсто биле македонски државјани.

– За продолжениот викенд на ГП Делчево поминале на влез и излез 7750. Само на 8 септември на влез и излез се евиднетирани 3075 патници од кои 2000 беа на излез и 90 отсто од нив се македонски државјани најмногу од Скопје, но и Тетово, Охрид, Штип и од цела Македонија. Најмногу се патуваше за Банско во соседна Бугарија и во Грција, рече Димитровски.

Тој истакна дека на ГП Делчево нема поголеми задржувања за влез и излез од државава, освен за времето потребно за гранична контрола.

– Кај нас патниците не се задржуваат, освен за времето што е потребно за гранична контрола. Но, како и при секој продолжен викенд, така и сега, проблемот со застојот кој знае да направи и километрарски колони за излез од државава, е на бугарската страна на преминот Станке Лисичково, бидејќи овој премин и понатаму претставува тесно грло и каде има две ленти за влез и излез и на едно место се и товарните возила и патничките и автобусите, истакна Димитровски.

Последниве 10 години фреквенцијата на граничниот премин Делчево е зголемена за 100 проценти и оваа година се очекува на овој граничен премин да влезат и излезат од државава околу 600 илјади патници, а само летово се евидентирани 170.310 патници. Дневно овде поминуваат по 150 товарни возила или 3 илјади товарни возила месечно.

Би можело да ве интересира

Стан изгоре во пожар во Делчево

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание