За половина година во триесетина тешки кражби направиле штета од 1.449.050 денари

Од:

СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обивнителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.Б. (29) и Н.З. (44) двајцата од Скопје, поради постоење основано сомневање дека во период од 10 јуни минатата година до 27 јануари оваа година извршиле вкупно 30 кривични дела и тоа: 16 кривични дела – „тешка кражба“ и 14 кривични дела „тешка кражба во обид“, дела предвидени и казниви по чл. 236 од Кривичниот закониј на Македонија, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.449.050 денари.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, серијата од вкупно 16 тешки кражби од кои по четири на подрачјата на општините Гази Баба, Центар, Аеродром, две на територијата на општина Карпош и по едно во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, како и 14 тешки кражби во обид од кои пет во општина Центар, три во опшина Карпош, две на подрачјето на Бит Пазар, и по едно во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром и Чаир, сторителите ги извршувале по претходно разработен план. Во 24 случаи извршени се на тој начин што со употреба на  погоден тврд предмет го кршеле цилиндерот од цилиндричната брава го ваделе надворешниот дел, а потоа со погоден предмет делувале во бравата и ја отклучувале вратата. Потоа влегувале внатре, вршеле претурање и пребарување по мебелот по што го напуштале лице местото. Во останатите шест случаи кривичните дела се извршени со кршење на прозор од балконски врати.

За извршените кривични дела од страна на Единицата за истрага на местото на настанот и вештачења при СВР Скопје како што се наведува, излезено е на лице место и извршен е увид и тоа во 21 случај, од кои во пет случаи на лице место пронајдени се и подигнати траги од отпечатоци од папиларни линии, а во останатите девет случаи земен е Записник за примање на пријава.

Од страна на Одделот за Криминалистичка техника при МВР на извршена е споредбена анализа на пронајдените траги од папиларни линии при што со сигурност е утврдено дека истите потекнуваат од пријавениот О.Б..

Со наредба од истражен судија извршен е претрес во домот и други простории во куќа на ул. „Локов“ сопственост на З.Б.М. каде што под закуп живее О.Б. заедно и со второпријавениот. При извршениот претрес во присуство на сопругата на О.Б., М.Б. која била носител на договорот за закуп, во куќата се пронајдени поголем број на разни предмети и тоа: дигитална вага, мобилни телефони, лап топ компјутери, дигитални фотоапарати, парфеми, камера, рачни часовници, женски чанти, патни торби, паричници, сим картички, накит, алати за извршување на кривични дела, УСБ-иња, ДВД со звучници, три куршуми, ќесе со тревкаста материја, шприцеви, метадон и друго за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривични дела и кои со потврди за одземени предмети се одземени од М.Б..

Одземените предмети: дигитална вага, целофанска кеса со непозната тревкаста материја, шприц со непозната течност, три куршуми и две шишиња хептанон со Записник за предавање на предмети предадени се на полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје заедно со оригиналната потврда за привремено одземени предмети. Во седум случаи извршено е препознавање на горенаведените предмети и истите со потврда за вратени предмети вратени се на оштетените, а по претходно изготвен фотоалбум за препознавање по фотографии, во два случаи извршено е препознавање по фотографии, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска