За неколку дена изврши четири тешки кражби, млад скопјанец ќе оди во притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

На 6 мај со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе бар во еден трговски центар и одзел повеќе шишиња алкохолни пијалаци во вкупна вредност 25.664 денари.

На 23 мај по полноќ исто така насилно влегол во билијард клуб и од касата одзел 28.692 денари.

Потоа на 25 мај наутро одзел уште 2.000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2.000 денари одзел и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он