За куќниот притвор на екс градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев ќе се одлучува утре

Од:

Кривичниот судски совет во штипска Апелација по жалбите на Основното јавно обвинителство за куќниот притвор на двајцата градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев ќе одлучува утре, потврди претседателот на Апелациониот суд во Штип, Тони Делев.

Двајцата поранешни градоначалници беа во ефективен притвор поради трагедијата во дискотеката во Кочани.

Делев посочи дека предметот е пристигнат денеска, по што кривичниот судски совет утре ќе го разгледува и веднаш ќе одлучи. Одлуката ќе ја објави веднаш на веб страницата на Судот.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо