За кражбата во битолската Пошта осомничени двајца вработени

Од:

СВР-Битола поднесе кривични пријави против 37-годишниот М.К. контролор и В.З. (56 г.) главен благајник, и двајцата вработени во „Македонска пошта“ АД-Скопје, подружница во Битола заради основaно сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а истражен судија им одреди мерка притвор.

На денешната прес-конференција во СВР-Битола, портпаролот Магдалена Димитровска соопшти дека притворените предизвикале финансиска штета на „Македонска пошта“ АД-Скопје во вкупен износ од 1.735.974,00 денари.

– Првопријавениот ја искористил својата службена положба на начин што на почетокот од 2012 година, откако дознал дека второпријавениот има кусок во благајната со која работи во вкупен износ од 782.908,00 денари и наместо истото да го констатира со записник согласно неговите работни обврски, ја искористил наведената состојба и во периодот од 23.02.2012 до 21.03.2013 година во повеќе наврати побарал од второпријавениот да му исплаќа парични средства во готовина во повеќе износи, при што му биле исплатени 802.500,00 денари за што второпријавениот изготвил расписки на кои првопријавениот се потпишувал, истакна Димитровска.

Таа дополни дека по основ на чекови биле исплатени 105.566,00 денари кои првопријавениот му ги давал на второпријавениот, кој за  тоа да го скрие, истите ги прикажувал во ставка ситни пари со што второпријавениот се стекнал со имотна корист во вкупен износ од 953.066,00 денари кои заедно со кусокот од 782.908 денари направени од второпријавениот, предизивикале финансиска штета на АД „Македонска пошта“ во вкупен износ од 1.735.974,00 денари.

Од СВР-Битола потвруваат дека продолжуваат со интензивната истрага во врска со тешката кражба на металниот сеф со пари, којашто во понеделникот на 11 март беше регистрирана во АД „Македонска пошта“, подружница во Битола.

Би можело да ве интересира

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ