За капитални инвестиции во Делчево догодина 48 милиони денари

Од:

За капитални инвестиции во 2018 година Делчево планира 48 милиони денари од основниот општински буџет вреден 103 милиони денари, додека вкупниот буџет со сите трансфери и дотации е 275 милиони денари.

Градоначалникот Горан Трајковски во новогодишното обраќање до граѓаните потенцира дека наредната година е планирана реализација на значајни инраструктурни проекти.

– Ќе ја почнеме изградбата на градската капела, пешачкиот мост, неколку критични улици како „Маршал Тито“ од централното подрачје до Таушанското Маало, и „Вера Јоциќ“. Исто така, планирани се 50 отсто повеќе средства за изработка на проекти, а значајно е што ќе се изработува проектот за нов градски пазар. Зголемени се и средствата за невладиниот сектор, односно за развој на граѓанските организации се планиран 1, 6 милиони денари, рече Трајковски.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево