За една недела 5.041 случај на заболен од грип

Од:

Во текот на седмата недела од годинава (од 15 февруари до 21 февруари), во Република Македонија од 30 извештајни единици пријавен е 5.041 случај на грип/заболувања слични на грип, со инциденца од 243,6 на 100.000 жители, што претставува зголемување за 19,2 отсто во однос на минатата недела, информира Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 2,4 пати споредено со седмата недела од минатата сезона, кога беа регистрирани 2.059 случаи, а во однос на типичната сезонска крива за последните 5 сезони исто така постои зголемување од 81,4 отсто.

Наведените факти говорат во прилог на значително интензивирање на сезонската активност на грип која продолжува и оваа недела, и е над горната неделна граница на очекуван број на случаи (4.315).

И во седмата недела, најголем број заболени – 2.824 се пријавени во возрасната група од 15-64 години. Највисока инциденца оваа недела е регистрирана кај децата/учениците на возраст од 5-14 години.

Оваа недела најголем број заболени – 1.126 се пријавени од Центарот за јавно здравје Струмица, Центарот за јавно здравје Велес има регистрирано 625 заболени, Центарот за јавно здравје Скопје – 590 и Центарот за јавно здравје Битола – 375. Највисока инциденца во текот на оваа недела е регистрирана во Центарот за јавно здравје Струмица.

Вкупниот број пријавени случаи во текот на оваа сезона е 17.278, со инциденца од 835 на 100.000 жители. За истиот овој период, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип од Центарот за јавно здравје Битола.

Во споредба со истиот период од минатата година, вкупниот број на пријавени случаи во оваа сезона е поголем за 63,9 отсто, а во однос на моделот за последните пет сезони исто така се регистрира зголемување од 35,8 отсто.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски