За дест месеци во ХЕЦ „Шпилје“ произведени над 267 милиони квч електрична енергија

Од:

Во ХЕЦ „Шпилје“, која претставува значаен електоренергетски објект, повеќе од сигурно е дека оваа година ќе биде една од поуспешните, со реализирано годишно производство поголемо од планираното.

На тоа наведуваат податоците за оствареното производство во десетте месеци од годинава, кога во поголем период, трите трубини работеле турбо. 

– За десет месеци произведени се над 267 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува оставрување на годишниот план за околу 90 отсто. Разбирливо е, дека годишниот план  на производство не само што ќе се исполни, туку ќе биде и надминат. Врз вака доброто производство секако влијание има и поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, велат од ЕЛЕМ.

Моментно просечниот дотек на вода е околу 40 кубни метри вода во секунда, а акумулацијата „Дебарско Езеро“, има резерва на вода за производство на 18 милиони квч.Тоа значи дека има доволно простор за да се прифатат претстојните есенски дотеци.

Како резултат на навреме извршените ремонти и ревизии на електормашинската опрема, ХЕЦ Шпилје е подгтовена да ги прими и преработи сите количини на вода кои  ќе се влеат во акумулацијата. Сето тоа значи и остварување на предвидувањата во однос на произвоството на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски