„За да се памти“ – концерт за Денот на победата над фашизмот

Од:

„За да се памти“ е насловен концертот кој ќе се одржи вечер на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ по повод Денот на победата над фашизмот 9 Мај.

На концертот ќе настапат Ана Кондратенко, прва виолина на Македонската филхармонија, пејачката Викторија Лоба и трио „Џентлмени“,  како и руските културно-уметнички друштва од Република Македонија.

Пред почетокот на концертот е највено обраќање на рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак.

На 9 Мај се одбележува капитулацијата на нацистичка Германија во Втората светска војна, која во Русија се нарекува Голема татковинска војна.

За Денот на победата, во Русија е распространето китењето со црно-портокалова лента, која симболизира чад и пламен, а изразува почит и благодарност за учесниците во војната.

Би можело да ве интересира

Изложба по повод 75-годишнината од востанието во логорот „Собибор“

Ана Ололовска

Ден на победата над фашизмот

Ана Ололовска

Македонска делегација на комеморацијата по повод 72 години од ослободувањето на Матхаузен

Ана Ололовска

Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот

Ана Ололовска

Руската амбасада со низа свечености по повод Денот на победата над фашизмот

Ана Ололовска

На Фејсбук се шири акцијата „Зошто сум антифашист?“

А1он