Пратеничката Дијана Тоска од Европскиот фронт на денешната собраниска седница од министерот за економија труд, Бесар Дурмиши побара да појасни како е дојдено до бројките дека има намалување на цените во малопродажбата кога анализите сè уште не се готови, а граѓаните се жалат на високите цени.
Министерот Дурмиши напомена дека уште во октомври биле преземени мерки за намалување на износот на потрошувачката кошничка и дека новогодишната кошничка исто така била поддржана од трговците и дистрибутерите и како што нагласи тоа ги дало ефектите.
– За работата на инспекторатот сакам да кажам дека по 15 години за прв пат се контролираат цените на увозниците и трговците. А во месеците октомври и ноември се бележи пад, заради мерките на Владата, рече Дурмиши.
За бојкотот на маркетите, министерот Дурмиши напомена дека е легитимно право на граѓаните и го поддржува. Останува уште кај некои трговци да се направат контроли и ќе бидат донесени соодветни одлуки.
Тој напомена дека наскоро очекува средба помеѓу ресорните министерства и претставници на институции и да се дојде долгорочното решение за стабилни цени. За ова, како што рече министерот Дурмиши наскоро ќе се разговара и на владина седница.
Пратеникот на СДСМ Борче Цветков, кој го праша Дурмиши за тоа кој ќе понесе одговорснот во власта за дебаклот со мерките и така наречените „кошнички“ со што за осум месеци ги доведе граѓаните до работ на егзистенцијален колапс.
Министерот Дурмиши кажа дека е направено ограничување на маржите кои ги ставиле трговците.
– Почнавме и правиме една нова метологија за минималнта кошница со што ќе има минимална и средна кошница, со што ќе бидат опфатени сите релеватни институции и ќе се претстави и пред синдикатите и пред работодавачите и ќе биде рална врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, рече Дурмиши.
Во врска со бојкотот, меѓудругото кажа тој, не само кај нас туку и во сите држави на Западен Балкан има една ваква акција и е разбирлива.
На прашањето на пратеничката Дијана Тоска за носењето на законот за правична застапеност, околу рокот за носење и критиките дека се оддолжува, вицепремиерот и министерот за добро владеење, Арбен Фетаи напомена дека сегашната опозиција ги закочила овие процеси.
– Вие најмалку треба да ги отворате овие прашања, бидејќи повеќе од 20 години ништо не сте направиле за да се зголеми бројот на албанците во администрацијата и сте правеле импровизации и со балансерот, рече Фетаи.
Тој покажа документи на кои имаше имиња на лица кои се вработувале како Албанци во јавните, а според него тие воопшто не припаѓале на таа етничка заедница и како што рече ДУИ тоа го дозволувале. Фетаи посочи и дека во изминативе години имало институции каде немало ниту еден вработен Албанец.
На прашањето до министерот за Европски прашања Орхан Муртезани, околу процесот за текот на евроинтрегации, пратеничката ќе добие одговор по писмен па, заради отсуство на министерот.