Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди.
Од нив, осум се со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, пет сопатници и тројца пешаци.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште седум незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците во зона на крстосница. Четиринаесет возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и 21 пешак поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 35 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Даме Крапчев“ кое се наоѓа во населбата Чаир на територијата на општина Гази Баба, со учениците од четврто одделение.
За денеска има најава за два вонредни настани. Првиот вонреден настан е со почеток во 12 часот. Во организација на неформалната организација Студентски пленум ќе се одржи марш во врска со најавените реформи во Законот за високо образование кој ќе се одвива по сообраќајниците во централното градско подрачје. Со цел нормално одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе се преземаат мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација на сообраќајот, а по потреба и пренасочување на истиот.
Вториот вонреден настан е со почеток во 20 часот и 15 минути. Во спортската арена „Борис Трајковски“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра ракометен натпревар помеѓу Металург и Вардар. Со цел нормално одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе се преземаат мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на истиот.