ВИДЕО: За 100.000 евра Груевски и Ахмети стопираат уривање дивоградба

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција објави снимки, за кои рече дека се меѓу Никола Груевски и Али Ахмети, на кои, рече се слуша дека Груевски самоволието не можел сам да го спроведува.

„Ќе ја видите сликата од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе ја видите нивната плодна соработка. Уривањето дивоградби не е според закон, туку по партиски договор меѓу Груевски и Ахмети.Груевски бара дозвола од Ахмети за уривање дивоградба. Прескокнати се дивоградбите. Уривање дивоградба може да се стопира со 100.000 евра за договор меѓу Груевски и Ахмети. Се гледа подаништвото на функционери на ВМРО-ДПМНЕ према ДУИ“, рече Заев.

2.Разговор помеѓу Али Ахмети и Никола Груевски

АА: Ало, добровечер?
НГ: Ало, добровечер
АА: Како си ми?
НГ: Добар, св. Никола е, па гости малце и така.
АА: еееее
НГ: Името ми е денеска, именден ми е денеска,
АА: Ало?
НГ: Ало ме слушаш?
АА: Да сега да
НГ: Викам именден ми е денеска, па гости малце и така
АА: А име?
НГ: Да, како си ти?
АА: Добро, добро
НГ: Ја те барав за една работа. Имаме мака..ааа…нели кога се правеше законот за легализација на дивоградби а и кога ја праевме и Владата, ти ми рече ако некој во иднина прави диво градби, терај, не му дозволувај, рушиш. Така?
АА: Така е
НГ: И така заклучивме и на Влада.
АА: Испадна на тоа..
НГ: Е сега, утре треба некои две згради, ама неизградени згради, еден, два ката само изградени да се срушат во Чаир.
АА: аха
НГ: Тие дигнаа тешка узбуна.
АА: аха
НГ: Не знам шо да праам. Треба помош од тебе.
АА: Во Чаир се?
НГ: Во Чаир се, да.
АА: аха
НГ: На диво се почнати, сега се почнати пред едно четири, пет месеци да се градат. Значи после законот за денационализација, за легализација. После законот и за утре сабајле у шест саат закажано е рушење. И сега сите твои се јавуваат кај министерот за транспорт дека тоа политички ќе било лошо за нив, за ДУИ и така натаму. Сега ние во наши општини, кај можеме, рушиме и ќе испадне дека само во едни се руши во други не се руши. Не знам шо да направам. Од друга страна па да не напраат некој инцидент, некако да се чуеш, да видиш да кажеш дека заеднички сме го договориле тоа. Значи таму се стаени темели, приземје и први кат, не е изградена..
АА: Ако е во прашање тоа пред амбасадата, да да тука, е пред амбасадата. Американска амбасада, тука е..
НГ: Не го спорат дека е диво, значи Муса се видол со Миле, министерот за транспорт, и му рекол дека не го спори дека така е законски, него овој рекол политички. И сега нели законите треба да се почитуваат секаде и не знам шо да направам сега. Сакам тебе да те чујам, пошто јас тоа со тебе сум го договорил. Не сум го договорил со Муса.
АА: Да, да. Ја разговарав и со Муса, тој бараше да разговараме утре, да не се делува пред Новата Година. И јас мислам дека политички ние не губиме ништо, политички добиваме.
НГ: Да и ја така мислам. Ние кај што рушевме, добивме.
АА: Да, не знам дали?
НГ: Еве мое искуство да ти кажам, ние рушевме на повеќе места, сегде добивме. И после бевме три пати на избори и три пати не гласаа таму.
АА: И ја мислим, во принцип не изгубиме ништо. Дали може малку да се менаџира да не де си нешто, јас сум против овие работи.
НГ: Мхм.. Ти си против да…не те разбрав..против што си? Да знам..
АА: Јас сум против дивоградбите…
НГ: Исто и јас..
АА: ..да се рушат..
АА: Ако е потребно едно село нека оди, ако е незаконски.

3.Разговор помеѓу Муса Џафери и Беќир Асани

БА: Повели шефе?
МЏ: Разговарав сега, утре имаме и седница на влада, за да го тргнеме овој будалава, и треба да разговараме, бидејќи правеле планови и за во други градови, да идат оваа недела.
БА: Да а?
МЏ: Ама оваа работа што ја направи пред 6 недели, тој другар му на Изет, од Гостивар, знаеш за кој..
БА: Да.
МЏ: Ние некои работи политички ги оставаме така, на облаци негде…
БА: Јас на тој Сафет Изети, денес му реков, првиот што ќе му е*бам матер , да го убијам со калашников, е тој.
МЏ: Сега не сакам….олади малку, остај ги тие разговори бидејќи сум во канцеларија кај овој пријателов…ама од тогаш кога ни “влезе вода“ знаев дека ќе ни излезе вака “бело“. Ме разбираш ли?
БА: Аха.
МЏ: Ај ќе те барам подоцна.
БА: Ајде.

4.Разговор помеѓу Муса Џафери и Беќир Асани

БА: Ало
МЏ: Што правиш?
БА: Еве. Како си шефе?
МЏ: Добар. Ти?
БА: Се умори ли?
МЏ: Да ти кажам право, да. Нервозен сум.
БА: Зошто нервозен?
МЏ: Со све. Што све нема. Ти? Што има ново?
БА: Ништо, работиме.
МЏ: Инаку?
БА: Те барав, да видам да не си се чул со овој од транспорт.
МЏ: Сум зборел со овој заменикот, да разјасни. Ми вети дека ќе збори со неговиот, да направи средба. Немам информација до сега, бидејќи бев по комисии, и целосно сум излезен од шините. Ќе пробам сам со тој од транспорт. И така работиме на овој законот и правилникот…финансии, транспорт.
БА: Ако можеш сам…
МЏ: Имаш информација кога се враќа градоначалников?
БА: Се вратил. Денеска се сретна со овој од транспорт, ама се сретнале за плоштадот…ова, она…дали ќе се влезе ваму таму, пред избори, после избори..
МЏ: На транспорт…со Миле се сретнал?
БА: Се сретнал за плоштадот.
МЏ: Да, да, ама важно се сретнал…
БА: Се договориле овој да размисли за дозволата до понеделник да ја даде, ама сака да се чепка во Чаир.
МЏ: Дозволата за плоштадот кога ќе му ја даде?
БА: Му рекол до понеделник, и ќе му каже.
МЏ: Понеделник. Понеделник имам средба со Премиерот, за некои други работи, ќе пробам да го добијам по телефон овој „ЛЕГЕНОТ“ Министер за транспорт.
БА: Добро би било во Понеделник да се разговора за да се појасни…
МЏ: Не, во понеделник се гледам со тој другиот.
БА: Нему кажи му тргни се од таму, што мајка бараш таму…бидејќи ако влеземе во тоа, кој знае кај ќе излезе…
МЏ: Секако, секако. Ако цела држава имаме проблем со буџетот, сега не можеме да ги переме преку Чаир и Тетово. И на Тетово му опнале.
БА: Што направиле во Тетово?
МЏ: Нашле некој објект, не знам каде…го блокирале, му ги земале парите на човекот.
БА: Не се само парите, туку ќе ни направат проблеми…
МЏ: Да де, ги иритираат луѓето…Ок за секој случај јави ми, не верувам дека ќе има некоја музика, ама јави ми…во контакт сме.
БА: Ајде.
МЏ: Ајде, поздрав.

5.Разговор помеѓу Муса Џафери и Бекир Асани

БА: Ало?
МЏ: Ало. Што правиш?
БА: Еве другар. Како си?
МЏ: Си легнал да спиеш?
БА: Не бе.
МЏ: Спиј, спиј.
МЏ: Еј
БА: Повели
МЏ: Го барале претседателот овие…бидејќи ми се јавија…
БА: Да?
МЏ: Претседателот го барал претседателот на ВМРО…кај Абдулаќим, преку него, преку Артан.
БА: Да а?
МЏ: Изгледа за оваа работа, ама зборував малку со претседателот.
БА: Мхм
МЏ: Тој младичот отишол кај тој, јас го пратив…и не може да ја пресече таа работа…не може бидејќи влегол во тоа и не знае како да се извлече.
БА: Аха.
МЏ: Ама криво ми е зошто мене не ми се јавија тие…тие твоите браќа, другарите твои…
БА: Да им ебеш матер…сум ти кажал, без да им ебеш матер на Албанците не те викаат татко.
МЏ: Не бе, не..бидејќи овие другиве…
БА: Тука е проблемот…тие го бараат Абдулаќим, а овој требал да му каже, за мојот ресор слободно прашај нешто, ама за таа работа со вице-премиерот, политички таму јави се.
МЏ: Да бе така е, само очекував…бидејќи коректни ми се комуникациите…

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски