Вучиќ: Македонија сама одлучи да не го покани Косово на Самитот

Од:

Потпретседателот на владата на Србија Александар Вучиќ, тврди Србија не ставила вето на Косово да не присуствува на Самитот во Орхид. Како што изјави Вучиќ, Србија не забранила учество на Косово, бидејќи со тоа ќе бил прекршен Бриселскиот договор.

-Македонија сама донесе одлука да не го покани Косово на Самитот. За нивното отсуство придонеле и барањата на некои други држави. Сите поранешни договори кои нашата држава ги потпишала, ги нема прекршено – вели Вучиќ.

Од кабинетот на претседателката на Косово Атифете Јахјага вчера беше соопштено дека Косово е оневозможено да учествува на самитот во Охрид поради приговорот на Србија и на Босна и Херцеговина.

Таа оцени дека препораката е „во спротивност со постогнатата спогодба во Брисел, врз чија основа ни една страна нема да и го попречува на другата напредокот кон интеграциите“ и дека „Охридскиот самит не придонесува за воспоставувањето на односи во регионот“.

Од кабинетот на Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов претходно беше пак соопштено дека Косово не е повикано на Охридскиот самит, бидејќи Македонија не може без согласност на другите да го покани Косово, посебно кога е јасно укажано дека поради таквите потези „некои земји учеснички би го откажале учеството“.

Сепак, потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ порача дека Србија не ја крши бриселската спогодба и посочи дека одлуката за неучество на Косово на Охридскиот самит се должи на одлуката на Македонија како организатор.

Би можело да ве интересира

Снег во Србија, блокирани камиони на Златибор

Масовни покани за воени вежби во Србија : Кој не сака, следува казна

Военото раководство на Србија демантира дека сакале да влезат во Косово: Навреда за интелектот

Тврдења од Косово: Србија гради воена база токму на границата

Еден од убиените Срби е Игор Миленковиќ, возач на Брза помош

Вооружена група упаднала во манастир во косовското село Бањска, се слушаат истрели

Предраг Петровиќ