Второ пријавување за упис во средните училишта

Од:

Во средните училишта денеска и утре е второто пријавување за упис во прва година во учебната 2019/2020 година. Слободни места има за вкупно 23 410 ученици.

Според податоците на Министерството за образование и наука, по првото пријавување кое беше минатиот понеделник и вторник, слободни остануваат 15 118 места за настава на македонски јазик, 7 416 за настава на албански јазик, 788 места за турски, 34 за српски јазик и 54 места за повторувачи.

Слободни места според видот на образование за второто пријавување има 5 983 за гимназиско образование и 17 275 за стручно образование.

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 26 јуни.

Конкурсот за запишување ученици е завршен во неколку гимназии, како и во училишта каде што има здравствена, економско-правна, електротехничка, угостителско-туристичка струка….

За второто пријавување, училиштата може да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско-правна и трговска струка и здравствена струка.

Со Конкурсот за запишување во прва година средно образование за учебната 2019/2020 година беа обезбедени вкупно 35 690 ученички места. На првото пријавување на 17 и 18 јуни се пријавиле 16 676 ученици, а се запишале 11 826. Од нив 4 464 во гимназиско образование, 7 000 во стручно образование, 242 ученици во Спортска академија.

Третото пријавување во средните училишта каде што ќе има слободни места ќе биде на 1 јули.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето