Втора национална кампања „Македонија без отпад 2013“

Од:

Во речиси сите општини низ државата денеска ќе се реализира втората националната кампања „Македонија без отпад 2013“. Целта на кампањата е да поттикне граѓански активизам и да ја развие свеста и навиките кај сите граѓани за правилното управување со отпадот.

Главниот акцент е ставен на собирање и правилно одложување на отпадот на одредени локации.
Акцијата е дел од националната кампања која се состои од активности за чистење на отпадот, едукација и промоција. Со кампањата, граѓаните на Република Македонија се вклучуваат во глобалната акција „Летс’до ит! Њорлд 2013“, која е и официјално поддржана од Европскиот Парламент, а оваа година ќе се одвива во 107 земји.

Во централната акција на кампањата на локација Дива депонија под железничка пруга ќе се вклучат министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, заменик-министерот Стево Темелковски и градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

Најавено е присуство и на претставници на дипломатскиот кор во Македонија, на пратеничките групи, државните службеници и на бизнис секторот.

Заинтересираните граѓани за активностите и локациите може да се информираат на веб страниците на општините и на њњњ.ајдемакедонија.мк, каде може да пријават активности кои би ги спроведувале на денот на акцијата.

На минатогодишната акција „Македонија без отпад“, собрани се 60.000 метри кубни отпад на околу 340 локации во 54 општини. Лани се чистеа диви депонии, одложен отпад на несоодветни места, а учество земаа 55.000 пријавени волонтери, 250 основни и 64 средни училишта, а голем беше одзивот и од граѓанскиот сектор.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Земјотрес во Пехчево и Берово

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога