Втора фаза од превентивната дератизација во Демир Хисар

Од:

 Екипи на Центарот за јавно здравје од Битола денеска на подрачјето на општина Демир Хисар ќе ја реализираат втората фаза од превентивната систематска дератизација за уништување глодари.

Со дератизацијата ќе бидат опфатени канализацискиот систем во општината, прифатниот канализациски систем на објектите од посебен интерес, како што се детските градинки, воспитно-образовните институции, здравствените установи и други објекти од јавен интерес во општина Демир Хисар.

– Активностите ќе се изведуваат во канализациските шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахти во околината на објектите опфатени со акцијата за дератизација, која финансиски и програмски е поддржана од Советот на општина Демир Хисар, потврдуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски

Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Ана Ололовска