Втор средношколски камп во Делчево

Од:

Делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ го реализираше вториот средношколски камп во чии рамки беше организирана еднодневна посета на манастирскиот комплекс „Свети Илија” во село Ѕвегор.

Кампот се реализира во соработка со планинарскиот клуб „Голак“ од Делчево чиј претседател Љупчо Чучуковски на учениците им ги демонстрираше потребните чекори за кампување во природа.

– Манастирот „Свети Илија” кај што се наоѓаме сега се наоѓа на 830 метри надморска висина на планината Влаина. Вкупната маршрута која ја поминавме со средношколците и во двата правци изнесува 10 километри. Моја задача е на учениците да им ја презентирам планинарската облека и опрема како и потребните вештини за поставување шатор со што сакаме да ги запознаеме учениците како е да се кампува и логорува во природа, рече Чучуковски.

Во рамки на кампот се реализираа спортски, музички и ликовни активности.

-Прекрасна организација, учениците се на број, се е во најдобар ред се надевам дека со поддршка на локалната и спонзорство на локални фирми ќе продолжиме да ја реализираме оваа идеја, истакна професорот Благој Ѓоргиевски.

Кампот се реализираше во рамки на наставната програма за подобро запознавање на учениците и наставниците.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он