• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Втор испитен рок од државната матура за кандидатите кои не положија во јуни

by А1он12/08/2013 - 11:23129
Share0

Матурантите кои во јуни не ја положија државната матура или еден од двата предмета, ќе полагаат утре и/или во четврток од 10 часот, мајчин јазик односно изборен предмет.

Добивај вести на вибер

Директорот на Државниот испитен центар Јусуф Арифи изјави дека бројот на кандидати за августовскиот рок е речиси ист како и минатиот август (16 повеќе од лани), а резултатите од тестирањата ќе бидат објавени до крајот на месецов, за да може да се пријават на факултет во вториот уписен рок, на 3-ти и 4 септември.

За утрешниот тест по мајчин јазик и литература пријавени се 518 кандидати, од кои 237 за македонски јазик, 264 за албански и 17 кандидати за турски јазик. Изборен предмет, на 15 август, ќе полагаат 1.741 кандидат, од кои најголем број (1.584) се пријавени за тестот по англиски јазик, 31 за француски, еден за руски, 14 за германски јазик, 107 за математика основно ниво и четворица за испитот по естетика.

Просечната оценка во јунскиот испитен рок беше 3.18, а најдобри резултати имаше битолската гимназија „Јосип Броз-Тито“.

Годинашната е шеста генерација која полага државна матура од нејзиното воведување. Таа е услов матурантот да продолжи со високо образование. Матурантите кои во јуни ги положија двата дела од завршниот испит, на крајот на неделава (15-ти и 16 август) ќе се пријавуваат за упис на факултет.

obrazovanie

Би можело да ве интересира

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски19/01/2026 - 13:1419/01/2026 - 13:20

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Горан Наумовски02/01/2026 - 13:33

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски08/08/2025 - 10:4108/08/2025 - 11:16

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Горан Наумовски15/07/2025 - 17:00

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Горан Наумовски29/06/2025 - 13:47

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Горан Наумовски10/06/2025 - 12:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен