Времето денеска сончево со температури до 19 степени

Од:

Утрово времето е студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Според прогнозата на УХМР, до сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекуваат повремени врнежи.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

А1он