Времето денеска: Сончево со температури до 11 степени

Од:

Времето утрово е студено, по одделни котлини со слаба магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 8 степени.

До четврток времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност со пониски дневни температури. Во останатите места ќе биде релативно топло поради што ќе има делумно топење на снежната покривка. Нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег се очекуваат од петок.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

А1он